Македонија
Иванов: Македонија има стабилен демократски поредок
Македонија ги одржа предвремените парламентарни избори на начин на кој пред се’ обеди демократијата. Сметам дека атмосферата во предизборната кампања и на денот на гласањето покажа дека како општество можеме нашите различни политички гледишта да ги изразиме низ демократските институции
Ова е оценката на претседателот Ѓорге Иванов по вчерашните седми по ред парламентарни избори.„Сакам да го изразам своето искрено задоволство од однесувањето и ангажирањето ан сите државни органи задолжени за спроведување на изборниот процес, на сите граѓани, на сите политички партии, нивните раководства активисти и подмладоци коишто покажаа цврста волја вчерашните избори да бидат фер, демократски и регуларни“, рече претседателот Иванов.Според него, по овие избори Македонија има стабилен демократски поредок и прашањето за регуларност на изборите е затворено прашање. Институциите имаат полн легитимитет да ги претставуваат граѓаните и политичките опции и сите учесници го признаа тој легитимитет.„Од друга страна, сметам дека изброите отворија редица прашања за функционирање на некои сфери од јавно значење, како што се медиумите и невладиниот сектор, Во наредниот период очекувам да ја пронајдат својата значајна улога во општеството и во демократијата“, рече претседателот Иванов додавајќи дека очекува во кус рок да се пристапи кон конституирање на Собранието и формирање на новата влада којашто ќе биде фокусирана на приоритетите на нашата надворешна, внатрешна, економска и социјална политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

