Македонија
Иванов: По укинувањето на визите подготвени сме за ЕУ
По препораката на Европската комисија да се укинат визите за македонските граѓани, Македонија е целосно подготвена за наредните чекори кон целосна интеграција во Европската Унија, смета претседателот Ѓорге Иванов.
„Со задоволство го слушнав коментарот на комесарот Оли Рен, кој нагласи дека условите кои беа поставени пред државите не беа воопшто лесни. На тоа само би сакал да додадам дека тоа што Македонија ги исполни овие критериуми во целост говори дека нашето општество и нашите институции се подготвени за наредните чекори кон целосна интеграција во Европската Унија.Во исто време, сакам да нагласам дека македонските институции и граѓани можат да бидат горди, уште повеќе бидејќи ова е резултат на чесен однос и посветена работа. Тоа е заслуга која му припаѓа на нашето општество за неговиот ангажман и постигања“, изјави денеска шефот на државата по повод успешната визна либерализација.Честитајќи им на граѓаните и на Владата за укинувањето на визниот режим од страна на членките на ЕУ и на шенген-зоната, рече дека тоа е најважниот чекор на патот кон целосно укинување на визите за граѓаните на Република Македонија. „Препораката на Европската комисија е јасна потврда дека Македонија е лидер во реформите во оваа област“, изјави Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

