Свет
Вселенскиот туризам во Шведска почнува од 2012
Првиот вселенски турист од Европа ќе полета од северна Шведска во 2012 година
Првиот вселенски турист од Европа ќе полета од северна Шведска во 2012 година.Летовите ги организира „Virgin Galactic“, компанија во сопственост на Британецот Ричард Бренсон, која што за две години ќе ги испрати во вселената првите патници од САД на височина од 110 километри.„Планираме првите туристички летови од САД да почнат во 2011 година, а од северна Шведска, една и пол година подоцна“, рече портпаролката на вселенско пристаниште во Шведска, Џоана Бергстром Рос.„Virgin Galactic“ вчера најави дека ќе потпише договор со пет скандинавски патнички агенции кои што ќе можат да продаваат карти за полетувања од САД по цена од 200 илјади долари или околу 153 илјади евра, за лет од неколку часа.Веќе се продадени речиси 300 карти за кратки излети во вселената, главно на Данци, Финци и Швеѓани, но повеќето се одлучуваат за полетувања од САД, рече Бергстром Рос./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

