Свет
Митал ќе бара милионска отштета од „Железници“?
Ладна валалница, чиј сопственик е индискиот магнат Лакшми Митал, по судски пат може да побара милионски надомест од „Македонски железници“ за штета што фирмата ја претрпела при неодамнешната блокада на возовите, дознава „Време“.
Мирче Котевск
и
Ладна валалница, чиј сопственик е индискиот магнат Лакшми Митал, по судски пат може да побара милионски надомест од „Македонски железници“ за штета што фирмата ја претрпела при неодамнешната блокада на возовите, дознава „Време“.
Од „Митал стил“, компанија за производство на челични лимови, испратиле протестно писмо до раководството на МЖ во кое се жалеле дека блокадата на возовите што пред еден месец ја организираа два синдикати во јавното претпријатие им предизвикала огромни последици во работењето. Јавното претпријатие има договор за превезување на производите на овој капацитет до солунското пристаниште и назад, што треба непречено да се одвива.
„Поради претрпена финансиска загуба и нарушување на односите со нашите деловни партнери, немаме друг избор освен да преземеме законски мерки за надомест на направената штета“, пишувало во писмото испратено до Стојан Наумов, генерален директор на МЖ.
Во Јавното претпријатие потврдија дека имале добиено протестно писмо уште додека работниците не ги пропуштаа возовите, но тврдат дека досега таму немаат добиено тужба од Ладна валалница, ниту пак од кој било друг индустриски капацитет за кој превезуваат стока.
– Имаме склучено договори за превоз на производите со повеќе индустриски капацитети. Наша обврска кон деловните партнери е натоварените вагони да ги превеземе до крајната дестинација. Но, последниот ненајавен протест едноставно ја парализира пругата, што им нанесе огромни последици на претпријатието и на неговите деловни партнери – тврди Наумов.
Според него, нема да биде чудно доколку некој од индустриските капацитети, чиј извоз најмногу зависи од вагоните на железници, побара отштета по судски пат.
– Нивно право е дали ќе тужат – смета Наумов.
Неофицијално, уште еден гигант за производство на челик размислува дали да поднесе тужба против Железници за направена штета при последната блокада на железничкиот сообраќај.
Според Наумов, покрај коминтентите што ги опслужува железницата, сериозна штета претрпело и јавното претпријатие.
– Директната штета за претпријатието изнесува околу 25 милиони денари, а ги доведовме во прашање и деловните односи со фирмите за кои превезуваме производи – кажува Наумов.
Од Валалница, неофицијално, тврдат дека нема да поднесат тужба против „Македонски железници“ и ќе бараат заеднички начин за вонсудско решавање на проблемот. Блокадата на железницата беше организирана откако Владата го отфрли барањето на Синдикатот, 755-те отпуштени работници наместо 2.500 евра да добијат испратнини од 5.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

