Свет
Официјално заврши пандемијата на свинскиот грип
Претседателката на Светската здравствена организација (WHO) Маргарет Чан во вторник во текстот од виртуелната прес-конференција, што е практика за објавувања соопштенија на СЗО, објави дека е завршена пандемијата на свинскиот грип
„Сега се наоѓаме во постпандемискиот период“, се нагласува во писмената изјава на Маргарет Чан, главен диретор на Светската здравствена организација.Во изјавата се додава дека пандемијата е укината по совет на Комисјата во чија работа беа вклучени 15 авторитетни научници. Тие во своите извештаи на состанок што траел три часа ги известиле челниците на СЗО за позитивните состојби, по што е донесена одлуката официјално да се прогласи престанување на пандемијата.Вирусот на новиот тип свински грип А(H1N1) усмрти најмалку 18.449 лица во светот и зафати повеќе од 200 земји и територии, според официјалните бројки што ги соопшти СЗО.Вирусот на овој нов тип свински грип се појави во почетокот на минатата година, околу февруари, во Мексико и во САД, а во април СЗО објави избувнување на пандемија, прва по неколку децении.Маргарет Чан во изјавата нагласи дека последиците од новиот вирус можеа да бидат многу поголеми„Овојпат имавме среќа. Вирусот не мутираше во текот на пандемијата во посмртоносен облик“, вели Чан.„Светот повеќе не е во шестата фаза за пандемија. Сега преминуваме во фаза на постпандемија. Вирусот А(H1N1) е на крај на силите“, рече Чан на виртуелната прес-конференција одржана преку конференциска телефоснак врска. Сепак, директорката на Светската здравствена организација предупреди дека чувствителните груп, како што се малите деца, старите лица и хронично болните, и во постпандемискиот период може да бидат склони кон заразување со свинскиот грип, па дури и дека може да има и смртни слуачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

