Свет
Интересите ги побиваат доказите
Али Ахмети ќе добие доживотна казна затвор ако македонските власти ги спроведат законите во постапката против него за случајот „Киднапирани Македонци“, тврди Ванчо Шехтански, адвокат на родните на киднапираните.
Емил Зафировски
Али Ахмети ќе добие доживотна казна затвор ако македонските власти ги спроведат законите во постапката против него за случајот „Киднапирани Македонци“, тврди Ванчо Шехтански, адвокат на родните на киднапираните. Шехтански тврди дека се обезбедени сите докази и дека никој не може да го забошоти случајот.
Ѓорги Марјановиќ, пак, професор на Правниот факултет и експерт за кривично право, тврди дека случајот нема да има разрешница и покрај тоа што станува збор за тешки воени злосторства врз цивилно население. Тој смета дека политичките интереси нема да дозволат владеење на правото и на законите.
Според адвокатот Шехтански, Хашкиот трибунал сторил добра работа што не го отфрлил обвинението.
– Не дека сакаше така да постапи, туку Хашкиот трибунал едноставно беше принуден да не го затвора предметот. На 15 март годинава Тетовскиот суд ги прогласи за починати од насилна смрт. Хаг намерно не спроведуваше истрага, туку чекаше да измине рокот за да не покрене обвинение и да се откачи од предметот. Ако Хаг го затвореше случајот, матичната држава немаше да има право да покрене постапка – вели Шехтански.
Тој тврди дека водството на ОНА нема да може да се ослободи од одговорноста за смртта на 12-те Македонци.
– Роднините не се откажуваат од правдата. Главниот удар ќе биде насочен кон раководството на ОНА, поточно кон Али Ахмети и Даут Реџепи – Лека. Обезбедени се сите докази. Има изјави на 20 сведоци. Постојат извештаи на меѓународните тимови што работеа на случајот. Единствена пречка ќе бидат политичките интереси, но, сепак, Ахмети и Лека нема каде да бегаат – вели Шехтански.
Професорот Марјановиќ вели дека е повеќе од јасно оти станува збор за воени злосторства, но тврди дека нема да има обвинение спрема раководството на ОНА.
– Треба да бидеме реални. За жал, во Македонија не владее правото, туку политичките интереси. И покрај сите факти, докази и сведоци, нема теоретски шанси јавниот обвинител Александар Прчевски да покрене обвинение против Али Ахмети, затоа што тој му е партнер во власта на премиерот Владо Бучковски. Се друго освен овој факт се сведува на изреката „што би било кога би било“ – вели Марјановиќ.
Високи дипломатски извори вчера изјавија дека по формалното враќање на четирите предмети од Хаг, македонското обвинителство најверојатно ќе отвори постапки само за два предмети, за случаите „Киднапирани Македонци“ и „Малтретирани работници на ГП „Маврово“. Тие велат дека за случајот со затворањето на браната Липково нема доволно докази за делото, а за случајот со убиството на двајцата работници на мотелот Бриони сторителите се непознати.
Хашкото обвинителство во декември лани ја прекина постапката за сите случаи освен за „Љуботен“, каде што за воени злосторства се обвинети само Македонци. Ниту еден Албанец не е обвинет од Хашкиот трибунал и покрај најавите дека случаите каде што се вмешани Албанци и Македонци ќе се водат паралелно.
Летото во 2001 година 12 Македонци од Тетовско беа киднапирани на автопатот Тетово – Јажинце. Повеќе од три години нивната судбина беше неизвесна, а лани се утврди дека тие биле убиени.
ВМРО-ДПМНЕ: Власта е виновна што Хаг ги врати предметите
ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини актуелната власт дека е виновна што Хашкиот трибунал ги вратил четирите предмети назад во земјава.
– Најодговорни за тоа се министерката за правда, Мери Младеновска, јавниот обвинител Александар Прчевски и Дане Илиев, претседателот на Врховниот суд. Хашкиот суд ја задолжил државата во рок од девет месеци да го процесуира случајот со работниците на ГП „Маврово“ пред трибуналот, но тоа не било сторено – изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО- ДПМНЕ
Партијата бара и очекува од обвинителството да преземе итни истражни дејства за овие случаи, исто како што сторило за случајот „Раштански Лозја“.
СДСМ ќе ја поддржи одлуката на Обвинителството
Одлуката за евентуална постапка треба да ја донесат надлежните институции на системот, и тоа самостојно.
– Ние целосно ги поддржуваме во тоа. Каква ќе биде судбината за овие случаи ќе проценат надлежните органи. Недозволиво е политичарите да даваат оцени во фаза кога случајот е високоисполитизиран од одредени партии за дневнополитички поени – вели Борис Кондарко, портпарол на СДСМ.
ДУИ: Ако се отворат предметите, ќе влеземе во лавиринт
Владејачката ДУИ смета дека предметите што Хаг ги вратил биле опфатени со Законот за амнестија и немало потреба од постапка за нив.
Со тоа што Хаг ги враќа случаите се потврдува дека немале аргументи или дека не се подготвени понатаму да се суди. Случаите се опфатени со Законот за амнестија. Но, ако случајно се отвори постапка за нив, Македонија ќе влезе во лавиринт и тешко дека ќе може да излезе – вели Абдулаким Адеми, пратеник на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данска и Гренланд им порачаа на САД: Не можете да анектирате други земји
Премиерите на Данска и Гренланд, Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен, денес во заедничка изјава го повторија барањето за почитување на нивните граници, откако претходно новоназначениот американски претставник за Гренланд, Џеф Ландри, објави дека е „му чест да служи за Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави“.
„Го кажавме тоа и претходно, сега го повторуваме. Веќе го кажавме јасно и претходно. Сега го кажуваме повторно. Националните граници и суверенитетот на државите се засноваат на меѓународното право. Не можете да анектирате други земји“, рекоа премиерите во заедничка изјава, објавува Гардијан.
Тие додадоа дека станува збор за основни принципи. „Гренланд им припаѓа на Гренландците и САД не треба да го преземат Гренланд. Очекуваме почитување на нашиот заеднички територијален интегритет“, се вели во соопштението.
Порано денес, данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека неговата земја инсистира дека сите, вклучително и САД, мора да го почитуваат „територијалниот интегритет на Кралството Данска“.
Портпаролот на ЕУ, Ануар Ел Ануни, исто така реагираше на изјавата на Ландри, велејќи дека територијалниот интегритет и суверенитет на Кралството Данска мора да се зачуваат.
Денес, во објава на платформата Truth Social, Трамп рече дека го назначил гувернерот на Луизијана, Ландри, за специјален претставник на Соединетите Американски Држави за Гренланд. „Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги унапредува интересите на нашата земја за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузници, а всушност и на целиот свет“, рече тој.
На почетокот на својот втор претседателски мандат, во јануари оваа година, Трамп ја објави својата намера да го преземе Гренланд, наведувајќи ја неговата стратешка позиција за безбедноста на САД како објаснување, додека Данска, која ја контролира таа арктичка територија во последните 300 години, одби да се откаже од Гренланд, анализираат медиумите.
Според написите, ова не е прв обид на САД да го купат Гренланд од Данска, а првите такви преговори ги водеше американскиот државен секретар Вилијам Х. Сиворд во 1867 година, кога не беше постигнат договор. Во 1946 година, САД понудија 100 милиони долари за оваа територија, сметајќи ја за витално важна за националната безбедност, но данската влада одби.
Трамп се обиде да го купи Гренланд за време на неговиот прв претседателски мандат, но данската и гренландската влада ја отфрлија таа понуда од 2019 година, наведуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Почина британскиот музичар Крис Рија: неговиот хит ги одбележуваше празниците со години
Британскиот музичар Крис Рија, чија кариера траеше повеќе од пет децении, почина на 22 декември на 74-годишна возраст, оставајќи зад себе богато музичко и финансиско наследство.
Британскиот пејач Крис Рија е најпознат по својот хит „Driving Home for Christmas“, кој е една од омилените божиќни песни на многу луѓе.
Во соопштението во име на неговата сопруга и двете деца, пишува: „Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Крис. Тој почина мирно во болницата порано денес, по кратко боледување, опкружен со своето семејство“, пренесуваат медиумите во регионот.
За време на својата кариера, Рија создаваше музика што комбинираше рок, блуз и поп, а неговиот длабок, препознатлив глас и виртуозни гитарски вештини оставија голем белег во музичката индустрија.
Освен хитот „Driving Home for Christmas“, тој е познат и по песни како „Road to hell“, „On the Beach“ и „Fool (If You Think It’s Over)“.
Рија беше оженет, имаше две ќерки, а покрај неговата значајна музичка кариера, се обиде и како актер во комедијата „Parting Shots“. Во овој филм на Мајкл Вајнер, Крис ја игра главната улога, заедно со Џон Клиз и Боб Хоскинс.
Неговата смрт означува крај на една важна музичка ера, а обожавателите ширум светот ќе го паметат по топлите мелодии што станаа дел од празничната традиција.
Фото: депозитфотос
Свет
Венс: Постигнат е голем напредок во мировните преговори за Украина
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е постигнат голем напредок во мировните преговори за Украина, но додаде дека сè уште не може со сигурност да каже дека е можно мирно решение, објави денес британскиот сајт „UnHerd“.
Во интервју за оваа веб-страница, тој рече дека напредокот се состои во фактот дека сите прашања сега се дискутираат отворено.
„Она што го видовме од украинската и руската страна во изминатите неколку недели е вистинско разбирање за тоа што нема преговори како и за прашањата за кои може да се преговара“, истакна американскиот потпретседател.
Венс изјави дека Русите сакаат територијална контрола врз регионот Донецк, додека Украинците го гледаат тоа како сериозно безбедносно прашање.
Како што истакна американскиот функционер, украинските претставници, сепак, приватно признаа дека на крајот веројатно ќе го изгубат регионот Донецк, но додаде дека тоа може да се случи за 12 месеци, или можеби дури и подоцна.
Според Венс, поради ова, прашањето за територијалните отстапки претставува значајна пречка во преговорите.
Како што изјави тој, контролата врз нуклеарната централа Запорожје и статусот на Украинците што живеат на окупираните територии, како и прашањето за обновата на Украина, остануваат теми на преговори.
Венс додаде дека се поставува прашањето кој ќе ја контролира нуклеарната централа, дали може да се управува заеднички, како и дали треба да се контролира од една или повеќе страни.
Специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, коментирајќи ги разговорите со украинската страна во Флорида, посочи дека фокусот е на четири клучни документи, објави агенцијата Униан.
Тоа се развој на план од 20 точки, координација на ставовите за безбедносните гаранции, особено од САД, како и понатамошен развој на планот за економски развој на Украина.
Специјалниот пратеник на Кремљ, Кирил Дмитриев, од друга страна, не даде никакви коментари по посетата на Мајами, но изјави дека следната средба треба да биде во Москва, потсети украинската агенција, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

