Македонија
Со палење на копии од Букурештанскиот договор одбележана неговата 100-годишница
Со палење на копии од Букурештанскиот договор, групата Македонски манифест ја одбележа 100-годишницата од неговото потпишување, на 10-ти август 1913 година, кога територијата на Македонија беше поделена меѓу нејзините соседи Србија, Бугарија и Грција.
Од Македонски манифест порачуваат дека евентуалниот нов Букурештански договор мора да се спречи, а ова се однесува пред се на преговорите за спорот за името со Грција.
„Одговорот е само со цврсто национално единство, храброст и самопочит, доблести кои за жал денес ги имаат само малите и столчени, а не империјалните и суетни народи. Ние, групата Македонски манифест за таа цел, под мотото „Името е нашата татковина“, го повикуваме македонскиот народ на единство и надпартиска слога и свест. Го повикуваме да се разбуди и цврсто да застане во исконот на својот идентитет од кој впрочем никогаш и не излегол, да се побуни против неговата изолација од срамните преговори за имети и да им каже не на сите што права сметка во крчма без него“, изјави членот на Иницијативниот одбор на Македонски манифест, Ефтим Клетников.
Преку чинот на палење на копиите од овој договор, групата истиот сака да го прогласи како неважечки и да упати порака дека Македонците нема да потклекнат пред злото што тропа на неговата врата.
Македонски манифест го сочинуваат над 50-тина интелектуалци кои сметаат дека спорот за името не е можен бидејќи целта е бришење на Македонците како народ, а нивната цел е да покренат иницијатива за прекинување на преговорите со Грција и враќање на уставното име на Република Македонија при Обединетите нации./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

