Македонија
Во Струга се отвора кампот на пријателството
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, на 16.8.2010 година, во 11:30 часот, свечено ќе го отвори кампот на пријателство “Струга-2010“ што ќе се одржи во “Еуротел Струга“, Струга.
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, на 16.8.2010 година, во 11:30 часот, свечено ќе го отвори кампот на пријателство “Струга-2010“ што ќе се одржи во “Еуротел Струга“, Струга. „Кампот на пријателство“, што годинава се одржува по четврти пат во Република Македонија во организација на Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми – Скопје, а со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и ФИЦЕ (Интернационална организација за грижа и едукација на деца, која е произлезена од УНИЦЕФ), претендира да добие и една нова димензија која освен развиток на креативниот позитивен потенцијал кај овие деца ќе даде можност и за подобрување на нивната социјална и емоционална интелигенција преку развивање на емоционалната писменост и ќе биде во функција на нивниот личен раст и развој. Ваквата програма дава можност за развивање на свесноста за себе и за другите.Држави учесници на Кампот освен Република Македонија се и Република Албанија, Србија и Црна Гора.Сите досегашни Кампови од сите аспекти беа поддржувани од страна на МТСП, со што Кампот премина во традиционален и идната година истиот ќе се организира во Саранда, Република Албанија./крај/ссе/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од две скопски населби без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
• од 09:00 до 12:00 часот Сеизмологија, Пржино, Институт за земјотресно инженерство, Француска амбасада и ул.Милан Мијалковиќ. (Општина Центар)
• од 08:00 до 15:30 часот Дел од улица Регионален пат R1102 Скопје – Катланово на потегот од бензинска Мак Петрол до исклучок кон с. Огњанци, улица 3, дел од улица 7 и дел од улица 2. (Општина Петровец)
Македонија
Поради водоводен приклучок: дел од Центар без вода за пиење
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, соопшти дека денеска- петок, поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80мм на ул.Македонија ( спроти Спомен куќата на Мајка Тереза ) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Димитрие Чуповски до Даме Груев и дел од Луј Пастер , од 08:30 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни проследени со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Во сабота во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.