Македонија
Демокрација е Ре ќе учествува на предвремените избори
Централниот совет на Демокрација е Ре на денешната седница донесе одлука да учествува на престојните предвремени избори на било кој датум и под било кои услови што ги договорат партиите од власта, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Централниот совет на Демокрација е Ре на денешната седница донесе одлука да учествува на престојните предвремени избори на било кој датум и под било кои услови што ги договорат партиите од власта, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. „Длабоката криза во која се наоѓа државата по вина на погрешните владини политики, почнувајќи од енциклопедијата, преку „Скопје 2014“, црквата-музеј на Кале, исклучувачкиот попис за над 250.000 Албанци, блокираните процеси на интеграција во НАТО и ЕУ, катастрофалната економија и газењето врз дигнитетот на граѓанинот, особено на Албанецот, се доволна причина на народот да му ја дадеме можноста да одлучи за својата судина преку предвремените парламентарни избори“, изјави претседателот на партијата Имер Селмани. Тој додаде дека е убеден оти партијата ќе извојува победа и во следниот период ќе го врати дигнитетот на граѓаните. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

