Свет
САД воздржани околу франуско-турскиот спор
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон остана воздржана околу франуско-турскиот спор во врска со прашањето за признавање на наводниот геноцид извршен пред сто години во Отоманската империја на Ерменците.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон остана воздржана околу франуско-турскиот спор во врска со прашањето за признавање на наводниот геноцид извршен пред сто години во Отоманската империја на Ерменците. На новинарско прашање да даде коментар околу споменатиот спор, Клинтон изјави дека е „најдобро тоа прашање да им се остави на историчарите, бидејќи е опасно влади да решаваат историски прашања.Американската администрација одбегнува злосторството над Ерменците да го нарече геноцид, иако Клинтон и Барак Обама во предизборната кампања ги поддржуваа Ерменците во квалификувањето на наводниот геноци Францускиот парламент усвои закон со кој се предвидува затворска казна и 45.000 евра казна за тие што ќе го оспорат геноцидот над Ерменците, што доведе до пореметување на односите помеѓу Анкара и парис, два стратешки партнера на САД.Ерменија тврди дека во 1915 година биле убиени 1,5 милиони припадници на тој народ и дека станува збор за геноцид, додека Турција признава дека страдале неколку стотина илјади ерменци, но дека не се работело за планиран злочин. /крај/по/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.

