Контакт

Македонија

Системот за оценување на администрацијата ќе се унапредува

Објавено пред

Модалитетите за унапредување на системот за оценување на вработените во јавната администрација беа разгледани на денешната седница на владиниот Комитетот за реформи во јавната администрација.

dobivaj vesti na viber

Модалитетите за унапредување на системот за оценување на вработените во јавната администрација беа разгледани на денешната седница на владиниот Комитетот за реформи во јавната администрација.Притоа, биле акцентирани можностите за вертикално оценување од страна на непосредното раководно лице на организационата единица, вертикално оценување на раководното лице од лицето што работи за него, како и можностите за хоризонтално оценување на административците од страна на колегите кои извршуваат слични работни задачи. Оние вработени кои што се во директен контакт со граѓаните, ќе бидат оценети и од граѓаните. Комитетот донесе препорака да се предложи систем кој го определува оценувањето и тој да биде разгледан на владина седница.Истовремено Комитетот го разгледа напредокот на државните институции и органи за имплементирањето на системот за размена на документи по службена должност за потреби од значење за граѓаните. Предвидено е граѓаните во иднина повеќе да не бидат обврзани да ги обезбедуваат дополнителните документи за определена потреба, туку со самото поднесување на иницијален документ, државните институции и органи ќе имаат обврска да ги обезбедат сите останати потребни документи кои ги издаваат други органи и институции. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Наутро студено, преку денот сончево со умерена локална облачност

Објавено пред

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје утрото посвежо, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.

Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Прикажи повеќе...

Скопје

Без вода Кисела Вода и Центар

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа.

dobivaj vesti na viber

– поради изведување на водоводен приклучок ф- 200 мм на улицата Борис Трајковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно зградите од комплексот „Трим & Лум“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Кисела Вода)

– поради менување на вентил ¾ на улица Македонија 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Центар)

Прикажи повеќе...

Скопје

Без струја денеска делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Сопиште

Објавено пред

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– Во период од 08:30 – 12:00 часот, корисниците од ул.1520-населба Пинтија (општина Кисела Вода)

– Во период од 08:30 – 12:00 часот, поголем дел од корисниците во Волково, од пругата во Ново село до кружен тек во Волково. (општина Ѓорче Петров)

– Во период од 09:00 – 15:30 часот, корисниците од дел од улиците Брсјачка Буна, Овчеполска, Виетнамска, Пелагонија. (општина Шуто Оризари)

– Во период од 10:00 – 16:00 часот, корисниците на дел од село Горно Соње кај црквата. (општина Сопиште)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

Најмалку 162 изгубени животи: Хелен официјално е вториот најсмртоносен ураган во САД

Разорниот ураган Хелен однесе најмалку 162 животи, јавуваат американските медиуми. Според информации, црниот биланс е забележан во шест земји. Ураганот...

Свет2 часа

Иран: Ова беше самоодбрана, доколку Израел не возврати, акцијата е завршена

Иранската воена акција против Израел заврши, се вели во изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Во објавата...

Свет2 часа

(Видео) Моментот кога огромен број ракети се појавија над Тел Авив и Ерусалим

Иран вчера попладне лансираше стотици ракети кон Израел. Според Израел, биле истрелани речиси 200 ракети. Ракетите се појавија над Израел...

Свет2 часа

Нетанјаху: Иран направи голема грешка, ќе плати

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе се соочи со последици за неговиот напад ноќеска. „Иран направи голема грешка...

Свет12 часа

Истрелани се околу 180 проектили од кои повеќето се пресретнати, тврди израелската армија

Израелската војска соопшти дека идентификувала околу 180 проектили истрелани кон Израел од Иран. Претставник на израелската безбедност, исто така, рече...

Свет13 часа

Иранската револуционерна гарда: Овој напад е одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот врз Израел бил одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах. Лидерот на...

Свет14 часа

(Видео) Израелската армија: Иран истрела ракети кон Израел

Израелската војска соопшти дека ракети биле истрелани од Иран кон Израел. Сирените се огласија низ Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ)...

Топ16 часа

На Клиника починала 67-годишна жена од Кумановско

Денеска (01.10.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив...

Македонија17 часа

Филипче: Безбедноста на граѓаните загрозена во 100 дена власт на Мицкоски

Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од...

Македонија17 часа

Ѝ се заканувал со убиство на уставна судијка преку социјалните мрежи: Обвинителството предлага условна осуда за скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за издавање казнен налог против едно...

Македонија19 часа

Минималната плата не стана 450 евра; Трендафилов: Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и ништо нема да биде сменето   

Владата на Христијан Мицкоски не го исполни барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од мај годинава – покачувањето на...

Македонија20 часа

Мицкоски за 100 дена Влада: Нема да направиме ниту една отстапка што ќе значи дополнителен срам и понижување на граѓаните

Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема никогаш да направи ниту...

Економија20 часа

Трајкоска за 100 дена Влада: Имавме многу високи очекувања, не добивме ништо, немаме информација како парите од кредитот ќе одат за бизнисот

Работодавците немаат никаква конкретна информација на кој начин половина од парите од најавениот унгарски кредит ќе одат за бизнисот. Претседателката...

Топ22 часа

(Видео) Кривична пријава за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет24 часа

(Видео) Американците објавија снимка од пресретнувањето на руските авиони, за малку ќе дојдеше до несреќа

Северноамериканската воздушна и вселенска одбранбена команда (НОРАД) објави видео од ескадрила ловци пресретнувачи Ф-16Ц, кои доживеаја инцидент на небото во...

Македонија24 часа

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2.500 денари

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на...

Свет1 ден

(Видео) Тројца загинати, 15 повредени во напад со нож во Шангај

Три лица загинаа, а 15 се повредени во напад со нож во супермаркет во Шангај вчера, јави државната новинска агенција...

Свет1 ден

(Видео) Нападната американската воена база во Багдад

Неколку ракети Какуша беа истрелани ноќеска врз воена база во која се сместени американските сили во близина на меѓународниот аеродром...

Свет1 ден

Израелците го нападнаа главниот град на Сирија; Државната телевизија: Убиена е наша водителка

Тројца цивили загинаа, а девет се ранети во израелски напад врз главниот град Дамаск, објавија рано утринава државните медиуми, повикувајќи...

Македонија1 ден

Земјотрес со јачина 3,2 почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...