Свет
Во еден ден минирани четири цркви во Багдад
Четири цркви во Багдад биле минирани за помалку од 24 часа, по неделната миса, убивајќи притоа четири лица и ранувајќи 18 во одвоени напади врз христијанското малцинство
Тројца христијани и еден муслиман загинале во бомбашкиот напад со автомобил-бомба околу 19 часот по локално време, во близина на црквата во источен Багдад, изјавиле официјални полициски извори кои сакале да останат анонимни бидејќи не биле назначени за контакти со медиумите. Три бомби експлодирале надвор од црквите попладнево во период од 15 минути. Две од црквите се наоѓаат во самиот центар на Багдад. Во саботата навечер, црквата „Свети Јосиф“, во западниот дел од главниот ирачки град била минирана на две места, при што била тешко оштетена, а оштетени се и другите три христијански објекти. Таа црква биал нападната и во 2004 г., кога повторно имаше координирани напади врз христијанските објекти. Тогаш повеќето од христијаните кои ги имаше околу милион се иселија од Ирак. Претставници од багдадската болница Ал-Кинди, потврдиле дека има жртви и дека примиле 18 повредени. Генералот Бабакер Шавкат Зебари изјавил дека имаат возила и борни коли, но она што им недостига на ирачките безбедносни сили е разузнавањето, брзата комуникација и поддршка од граѓаните за да можат успешно да му се спротистават на насилството.Тој ова го рекол по состанокот што го имал со врховниот ирачки верски лидер, Големиот Ајатолах Али Ал-Систани во светиот шиитски град Наџаф. Ал-Систани е голем авторитет кај мнозинските шиити, па ирачките безбедносни сили сметаат на соработката и влијанието на верските водачи во смирувањето на тензиите и насилствата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Разочаран сум од Зеленски
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот предлог на САД насочен кон прекин на руската агресија во Украина.
Соединетите Американски Држави разговараа со рускиот претседател Владимир Путин и украинските претставници, вклучувајќи го и Зеленски, рече Трамп.
„Морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот, тоа беше пред неколку часа“, додаде тој.
Трамп истакна дека Москва „посакува да ја преземе целата земја… но Русија, верувам, е согласна со тоа“, додавајќи дека, сепак, не е сигурен дали Зеленски ќе се согласи со предлогот.
Во Флорида, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер, од четврток одржуваат неколкудневни разговори со украински претставници, вклучувајќи ги поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов. Тие во вторник одржаа петчасовен состанок со Путин во Москва.
На крајот од разговорите меѓу САД и Украина во Флорида во саботата, Зеленски се придружи на разговорите по телефон, опишувајќи ги како конструктивни.
„Претставниците на САД ги знаат основните позиции на Украина“, рече Зеленски во своето обраќање вчера вечер. „Разговорот беше конструктивен, иако не беше лесен“, додаде тој.
Сè уште не е познато како се развивал почетниот мировен план на САД од 28 точки во текот на изминатите три недели, со клучни нерешени прашања, вклучувајќи територијални прашања и безбедносни гаранции на САД.
Москва вели дека е отворена за разговори и ги обвинува Киев и Западот за блокирање на мирот, додека Украина и нејзините сојузници велат дека Русија одолговлекува и користи дипломатија за да ги консолидира своите воени добивки.
Зеленски денес во Лондон треба да се сретне со европските лидери, вклучувајќи го германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, за да го разгледаат моменталниот статус на мировниот план.
Регион
Судии, обвинители и адвокати протестираа во Белград, велат дека трпат политички притисоци
Судии, обвинители, адвокати, како и граѓани и студенти од цела Србија денес одржаа протест пред Уставниот суд, а потоа и пред Правниот факултет во Белград.
Се собраа поради, како што велат, притисоците што ги трпи судството, особено во последната година, како и можноста за „укинување“ на Обвинителството за организиран криминал. Тие рекоа дека „правдата е слепа, но судството не е“.

Судијата Александар Трешњев истакна дека само оние што сториле кривични дела се плашат од обвинителите кои сакаат да си ја работат работата.
„Нема да кажат дека се плашат од обвинителството. Ќе речат дека има криминалци во тоа обвинителство. И не дојдовме тука да браниме некого по име и презиме. Дојдовме тука за нешто друго – да го браниме правото и обврската на обвинителот да напише обвинение кога има докази за тоа“, рече судијата Трешњев.

Милимир Лукиќ, судија во Апелациониот суд, изјави дека со најавената промена на законот, Обвинителството за организиран криминал дефинитивно ќе ја изгуби својата автономија и независност, како посебна карактеристика што овој орган мора да ја има кога дејствува за да ја извршува својата функција на законски начин.
„Во моментот кога Обвинителството за организиран криминал ќе стане дел од Вишото јавно обвинителство во Белград, директна последица ќе биде губењето на неговиот институционален капацитет за работа, а на крајот тоа ќе резултира со слабеење, а потоа и исчезнување на судските органи одговорни за организираниот криминал“, рече Лукиќ.

По сите говори, беше одржан 16-минутeн молк за жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад.
Свет
САД може да се повлечат од решавањето на војната во Украина, вели синот на Трамп
Американскиот претседател, Доналд Трамп, би можел да се повлече од решавањето на војната во Украина, изјави неговиот најстар син Доналд Трамп помладиот на конференција на Блискиот Исток.
Во долгиот говор против продолжувањето на борбите во Украина, Доналд Трамп помладиот, исто така, рече дека „корумпираните богати луѓе од Украина избегале од земјата, оставајќи го она што го сметале за селска класа да се бори во војната“.
Доналд Трамп помладиот нема официјална улога во администрацијата на Доналд Трамп, но е клучна фигура во движењето MAGA. Неговиот настап ја одразува антипатијата на некои членови на тимот на Трамп кон украинската влада и доаѓа во време кога преговарачкиот тим на Трамп врши притисок врз Киев да отстапи територија.
Доналд Трамп помладиот изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја продолжува војната бидејќи знае дека никогаш нема да победи на изборите ако војната заврши.
Тој, исто така, ја критикуваше шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, велејќи дека европските санкции не функционираат бидејќи само ја зголемиле цената на нафтата, од која Русија може да ја финансира војната. Тој го опиша европскиот план како „чекање Русија да банкротира“.
Трамп помладиот без докази тврдеше дека за време на еден ден во Монако ова лето, видел дека 50 проценти од автомобилите како Бугати и Ферари имале украински регистарски таблички.
– Дали мислите дека е заработено во Украина? – праша Доналд Трамп помладиот.
– Слушнавме гласини за тоа што се случува кога ќе видиме дека сите регистарски таблички во Монако се украински. Богатите избегаа и го напуштија она што го сметаа за селска класа за да се борат во овие војни. Немаше поттик да се запре војната бидејќи сè додека парите доаѓаа и крадеа, никој ништо не проверуваше, па затоа немаше причина за мир.
Кога го прашале дали е можно неговиот татко – кој водеше кампања дека може да донесе мир во Украина – едноставно да се откаже, Доналд Трамп помладиот рекол можеби, објаснувајќи дека неговиот татко е еден од најнепредвидливите луѓе во политиката.

