Регион
Хамарберг: Грција да ги заштити малцинствата
Комесарот за човекови права Томас Хамарберг испрати писма до неколку грчки министри во кои се препорачува Грција целосно да ги спроведува пресудите на Судот за човекови права.
Комесарот за човекови права Томас Хамарберг испрати писма до неколку грчки министри во кои се препорачува Грција целосно да ги спроведува пресудите на Судот за човекови права.
Веднаш по завршувањето на посетата на Грција минатиот месец, тој побара од грчките власти да им дозволат на малцинските групи да го изразат идентитетот за кој се определуваат.
„Грција признава само едно малцинство, тоа е муслиманското во Западна Тракија. Затоа препорачувам ратификација на важните документи на Советот на Европа, како Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, што таа ја потпиша во 1999 година“, изјави за Дојче Веле, комесарот Хамарберг.
Тој се надева дека новата грчка влада при посетата во Стразбур ќе има нов позитивен пристап кон овие прашања.
Во писмата што Хамарберг ги упати до Харис Кастанидис министерот за правда, транспарентност и човекови права, Теодора Цакри, заменик министер за внатрешни работи, задолжена за децентрализација и локална самоуправа и Михалис Хризохоидис, министер за заштита на граѓаните на Грција и нивните одговори, комесарот за човекови права вели:
„Очекувам спроведување на моите препораки кои се однесуваат на целосното и потполно спроведување на пресудите на Судот за човекови права од Стразбур, во однос на правото за слободно здружување на припадниците на националните малцинства, како и нивното преточување во домашниот правосуден систем на Грција.“
Меѓу препораките упатени до Грција е и пораката за олеснување на процедурите за враќање на одземените државјанства на поранешните грчки државјани, меѓу кои многумина се со македонско етничко потекло – бегалци од граѓанската војна од Грција.
Во писмата што Хамарберг ги испрати до грчките министри, тој се осврнува и на мерките со кои грчките власти треба да ја подобрат ситуацијата на бегалците и имигрантите, Ромите и однесувањето на полицијата./крај/дв /ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Подрумите не смеат да се користат за туристички сместувања“ – Грција ги заострува правилата за издавање
Пратениците во Грција денеска почнаа да расправаат за предложениот закон со кој ќе се заострат правилата за краткорочно изнајмување на станови на туристи, вклучително и забрана за користење на пренаменети магацини и подруми без прозорци.
Реновираните магацини, подземните простори и поранешните индустриски капацитети ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување според предложените измени, пренесува АП.
„Подрумите повеќе нема да бидат дозволени за употреба: просторите за изнајмување мора да служат како примарни простори за живеење, со природна светлина, вентилација и климатизација“, рече министерката за туризам Олга Кефалојани.
Неколку опозициски пратеници ја обвинија централно-десничарската влада дека ги игнорира социјалните трошоци и оптоварувањето на ресурсите предизвикани од порастот на туризмот и повикаа на посеопфатни ограничувања на кириите.
„Дозволувате концентрација на краткорочни изнајмувања во области популарни кај туристите. Тоа драстично ги менува населбите и ги раселува постојаните жители“, изјави денеска во парламентот левичарската пратеничка Калиопи Вета.
Предлог-законот, кој исто така воведува подетални безбедносни и оперативни стандарди за изнајмување, се очекува да биде изгласан кон крајот на овој месец.
Пред една година Атина воведе забрана за нови регистрации за краткорочно изнајмување во популарните области како Колонаки, Кукаки и Егзархија, а прекршувањата се казнуваат со 20.000 евра.
Изнајмувањето за одмор помогна да се зајакне клучната туристичка индустрија во Грција, која сочинуваше 13 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2023 година, но исто така го зголеми притисокот врз трошоците за домаќинствата поради високите кирии, наведува агенцијата.
Владата во Атина рече дека промените имаат за цел да ги балансираат придобивките од туризмот со достапноста на становите и да понудат даночни олеснувања за сопствениците на имот кои се откажуваат од краткорочните изнајмувања. Грција очекува приходите од туризмот да достигнат рекордни 22 милијарди евра во 2025 година со проектирани 35 милиони туристи, според официјалните проценки.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.