Македонија
Актуелните политичари ќе бидат лустрирани само до 1991-та
Aктуелните политичари кои веќе доставиле изјава до Комисијата за верификација на фактите, нема да бидат повторно лустрирани, со измените на Законот за лустрација нема да бидат опфатен до 1991 г
„Актуелните политичари што веќе доставиле изјави, нема повторно да доставуваат изјави“, рече за Макфакс Ѓорѓи Малковски, член во Комисијата за лустрација и додава дека тоа го предвидува законот.Речиси сите пратеници, министри и политичари веќе доставиле изјави до Комисијата за верификација на фактите и имаат потврда дека не биле кодоши во периодот до 1991 г. Со измените на Законот, периодот за лустрирање се зголемува од 1991 до 2018 г. Со оглед на тоа дека нема да треба пак да доставуваат изјави, комисијата нема да може да провери дали тие биле кодоши по осамостојувањето, односно по 1991 г.Поранешните функционери треба да достават изјави во рок од 30 дена, односно до 5 април додека за новинарите, свештениците и членовите на МАНУ, кои беа опфатени со измените на законот, дополнително ќе се определи рокот кога треба да достават изјави.Комисијата за лустрација во врска со случајот на Трендафил Ивановски, единствениот официјален кодош, ја чека одлуката од Врховниот суд за да достави иницијатива за негово разрешување до Собранието.Ивановски вели дека нема да си поднесе оставка и вели де Уставот не предвидува можност Собранието да може да разреши судија под вакви околности. Уставен судија може да бие разрешен, единствено ако си поднесе оставка , ако му е пропишана казна затвор повеќе од шест месеци и ако ја изгуби способноста.Постои можност Јавното обвинителство да покрене обвинение за лажна изјава за што е предвидена кривична одговорност,односно затворска казна.Инаку измени на Законот за лустрација почнуваат да се применуваат од понеделникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

