Македонија
Груевски: Папандреу и јас сакаме да дојде до договор
Мислам дека Папандреу отворено зборува дека тој и јас, нашето и нивното раководство сакаме да дојде до договор, но се уште трагаме по решение, се разбира под чадорот на мандатот на Метју Нимиц.
Мислам дека Папандреу отворено зборува дека тој и јас, нашето и нивното раководство сакаме да дојде до договор, но се уште трагаме по решение, се разбира под чадорот на мандатот на Метју Нимиц. Се обидуваме да најдеме решение што нема да им наштети на двете држави, изјави денеска во Истанбул премиерот Никола Груевски.
По средбата со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, Груевски изјави дека смета дека Грција конечно сфатила оти македонската влада сака да го реши спорното прашање.
Груевски додаде дека доколку се најде прифатливо решение за двете страни, македонските граѓани на референдум ќе се изјаснат дали го прифаќаат или не.
Македонскиот и грчкиот премиер, Груевски и Папандреу денеска оствариja средба во Истанбул, на маргините на Самитот на процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Денешната е втора средба за една недела на премиерите Груевски и Папандреу. Тие последен пат се сретнаа минатиот четврток во Брисел, за време на одржувањето на Европскиот Совет. Според информациите, на таа средба немало приближување на ставовите меѓу двете земји. Тогаш алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Друцас рече дека целта на ваквите средби не е директно да се преговара, туку да се даде поттик на севкупните односи меѓу Македонија и Грција./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавија технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стариот начин со УВ-ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, Куманово, Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право и само три од нив се одбиени.
Во однос на одѕивот на парламентарните избори, до 9 часот, по обработените податоци од 1.033 избирачки места, гласале 4,45 %. Според податоците на ДИК, најголем одѕив има во Пробиштип, а најмал за парламентарните има во Боговиње (1,43 %).
Во Македонија утрово почнаа парламентарните избори и вториот круг од претседателските.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480 беа отворени во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавците не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде што работните процесите поради својата природа не може да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техничката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.