Македонија
Споменикот на „Македонија“ ќе биде поставен за две недели
Градежните работи за поставување на скулптурата „Воин на коњ“ на фонтаната на плоштадот Македонија, кои што започнаа денеска, ќе траат 15 дена, соопшти попладнево општина Центар.
Градежните работи за поставување на скулптурата „Воин на коњ“ на фонтаната на плоштадот Македонија, кои што започнаа денеска, ќе траат 15 дена, соопшти попладнево општина Центар. „Техничките процедури и активности за поставување на скулптурата ќе бидат извршени од страна на стручен и професионален тим од лица од леарницата каде што е излеана скулптурата, се наведува во соопштението“. Притоа се истакнува дека согласно техничките процедури треба да дојде до поврзување и надградување на деловите од кои е составена скулптурата.„По поставувањето на скулптурата „Воин на коњ“ во идниот период ќе се работи на комплетно естетско и визуелно поимање на идејното решение во пракса. Исто така партерно ќе се уреди просторот околу фонтаната и ќе биде поставено осветлување“, информираат од општината Центар, која е изведувач на работите.Целокупниот проект за изградба на фонтаната, скулптурата и останатите придружни содржини, според надлежните од општината, се финансира во повеќе буџетски години, со комплетно почитување на законските норми и процедури.Споменикот, кој е изработен во италијанската леарница „Фернандо Маринели“по идејно решение на Валентина Стевановска, висок е 12 метри, а ќе биде поставен на постамент висок 10 метри. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

