Црна хроника
Кривична пријава за потпалувачот на интернатот во Чашка

Велешката полиција поднесе кривична пријава против 15-годишен ученик во оопштинскто основно училиште „Тодор Јанев“ во селото Чашка кој на 28-ти февруари запалил прозорец од интернатот во рамките на училиштето.
Ученикот го испрскал со бензин прозорецот од занималната и потоа го запалил, предизвикувајќи пожар на дрвената рамка од прозорецот.
Учениците од интернатот кои во моментот биле во занималната веднаш ги известиле воспитачката и чуварот од интернатот, по што пожарот беше изгаснат.
Малолетникот за овој инцидент ќе одговара за кривично дело „предизвикување општа опасност“./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале.
Случајот во МВР го пријавила 37-годишна битолчанка, а според информациите, децата, во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзината другарка на полови дејствија.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.