Контакт

Свет

Салех постави услов за да замине од власта

Објавено пред

Јеменскиот претседател Али Абдула Салех нема да ја потпише иницијативата за реформи и избори, сé додека земјата не ја напуштат неговите најголемите опоненти генералот Али Мохсен aл-Ахмар и шеикот Садек ал-Ахмар, пишува весникот „ал-Халиџ“ повикувајќи се на јеменската опозиција.

dobivaj vesti na viber

Јеменскиот претседател Али Абдула Салех нема да ја потпише иницијативата за реформи и избори, сé додека земјата не ја напуштат неговите најголемите опоненти генералот Али Мохсен aл-Ахмар и шеикот Садек ал-Ахмар, пишува весникот „ал-Халиџ“ повикувајќи се на јеменската опозиција. Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, во средата на состанокот во Ријад со своите колеги од владејачката партија  Генералниот народен конгрес, изјави дека ќе ја разгледа можност за рестартирање на иницијативата на организацијата Совет за соработка на арапските држави од Заливот (GCC). „Салех постави услов: тој ќе го потпише документот предложен од страна на GCC и ќе ја предаде власта на неговиот заменик, но пред тоа Јемен треба да го напуштат генералот Али Мохсен ал-Ахмар и шеикот Садек ал-Ахмар“, ги цитира весникот зборовите на еден од лидерите на јеменскиот опозициски блок „Ал-Лика ал-муштарак“, Јахја Абу Асба.Двајцата лидери на опозицијата, според зборовите на Aсбa, веќе се согласиле со овој предлог. Генералот Али Мохсен ал-Ахмар – е полубрат на претседателот Салех. Тој долги години беше началник на вооружените сили и се сметаше за „човекот број два“ во земјата. За своето преминување во редовите на опозицијата, и поддршка на „револуционерната младина“, Али Мохсен објави на 21-ви март годинава.Шеик Садер ал-Ахмар е лидер на една од најголемите заедници во Јемен – племето Хашид. Претходно ал-Ахмар, како и неговиот презименик  Али Мохсен ал-Ахмар, беше меѓу приврзаници на претседателот. Според Салех, атентатот врз него го организирале извеле поддржувачите на племенскиот водач на Хашидите. Претседателот на Јемен во моментов се наоѓа во саудиската престолнина Ријад, каде што е на рехабилитација по нападот извршен врз него во јуни во кој беше ранет. Планот на Совет за соработка на арапските држави од Заливот предвидува мирно решавање на внатрешниот политички конфликт во Јемен, што треба да се обезбеди со повлекување на претседателот Салех од власта во рок од 30 дена по формирањето на влада на национално единство. По назначувањето на владата, претседателот треба да ја предаде власта на заменик-претседателот а опозицијата да запре со демонстрациите. Иако Салех во принцип не го одбива планот на Советот, претходно трипати под различни изговори, одби да ја потпише оваа мировна иницијатива. На 3-ти јуни врз претседателот Салех непознати лица пукаа додека тој беше во џамијата во близина на претседателската палата во престолнината Сана. Според други извори, во џамијата експлодирала подметната бомба. Повредени во експлозијата беа и премиерот и заменик премиерот, претседателот на парламентот и неколку политичари кои присуствуваа на традиционалната петочна молитва. Салех, во нападот се здоби со изгореници околу 40 проценти на кожата и повреди на белите дробови. По два дена во Ријад нему му беше извршена операција со која беа отстранети шрапнели од проектил. Јеменската опозицијата соопшти на 25-ти јули дека нема да влезе во никакви преговори со владата, доколку Салех не го потпише договорот за предавање на власта во рамките на мировната иницијатива на Советот на Заливот Масовни антивладини протести започна во Јемен во почетокот на февруари а од средината на март станаа поорганизирани. Демонстрантите бараат реформи и оставка на сегашниот претседател Салех, кој е на власт 33 години. Јеменски безбедносни сили користат оружје за да ги растурат протестите, а според западните медиуми во текот на немири во земјата загинаа неколку стотици луѓе./крај/аа/сн/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

Објавено пред

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.

Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.

фотo: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување

Објавено пред

Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.

Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.

Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.

Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.

Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.

Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.

Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

ОН дискутираше за човековите права во САД, американските претставници не се појавија

Објавено пред

САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во дебатата на ОН за состојбата со човековите права во својата земја, оставајќи празни места на сесијата на Работната група на Советот за човекови права на ОН во Женева денес.

dobivaj vesti na viber

САД, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, соопшти работната група, со што официјално е евидентирана „несоработката“ на Вашингтон. Одлуката нема непосредни последици, а групата ги повика САД повторно да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштението од американската мисија во Женева се вели дека ОН „се преправа дека е загрижена за човековите права“, додека им дозволува на познатите злоупотребувачи да ја користат организацијата за „да се кријат од контрола“.

Во соопштението, исто така, се обвинува ОН за „постојана пристрасност против Израел“. Од 2008 година, од сите 193 земји-членки на ОН се бара да поминат низ таканаречен Универзален периодичен преглед (УПР) на нивната состојба со човековите права приближно на секои пет години. Потоа, земјите ги презентираат своите извештаи за напредок, додека други можат да постават прашања и да дадат препораки.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион13 часа

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет13 часа

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа14 часа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ15 часа

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија19 часа

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ19 часа

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија19 часа

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија21 час

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија23 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет24 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија24 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион1 ден

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет1 ден

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија1 ден

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија2 дена

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија2 дена

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...