Економија
Комерцијална ги намалува каматните стапки до еден отсто
Комерцијална банка АД Скопје денеска соопшти дека по трет пат годинава ги намалува активните и пасивните каматни стапки
Комерцијална банка АД Скопје денеска соопшти дека по трет пат годинава ги намалува активните и пасивните каматни стапки.
Како што е соопштено, каматните стапки за правни лица за сите постојни и новоодобрени кредити од први мај годинава ќе бидат намалени со еден проценти.
Каматните стапки на постојните кредити на правните лица одобрени до први мај, ќе бидат намалени за 0,5 процентни поени, за колку ќе бидат намалени и каматните стапки на кредитите кои се обезбедени со хипотека од прв ред од минимум 120%, кои беа намалени на почетокот од 2010 година.
Каматните стапки кај кредитите за физички лица од 16 мај годинава се намалуваат од 0,5 до 1 отсто. За половина процент се намалуваат стапките за потрошувачките кредити одобрени по 16.05.2009 година за денарските станбени и ненаменски хипотекарни кредити како и за автомобилските кредити обезбедени со жиранти или залог на возило. Автомобилските кредити обезбедени со хипотека на недвижен имот се намалуваат за 1 процентен поен исто колку и туристичките кредити.
Истовремено Комерцијална банка од почетокот на наредниот месец ќе ги намали каматните стапки на позитивното салдо на тековните сметки за 0,2 процентни поени, на денарските штедни влогови по видување за 0,3 процентни поени, на орочените од 0,7 до 1,2 процентни поени, на девизните штедни влогови во ЕУР по видување за 0,2 процентни поени и на орочените во ЕУР од 0,1 до 0,3 процентни поени.
Исто така, ќе се изврши соодветно намалување на каматните стапки на орочените депозити на правни лица.
Намалувањето е во согласност со сигналите на Народната банка преку намалувањето на каматната стапка на благајничките записи. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

