Македонија
ЕУ инфо центарот го прослави првиот роденден

ЕУ инфо-центарот денес прослави една година постоење.
Македонскиот ЕУ инфо-центар денес прослави една година постоење. На самата прослава Евроамбасадорот Ерван Фуере го честита роденденот на ЕУ инфо центарот и изјави во својот говор:„Пред една година ви ветивме вистински и бесплатни услуги со обезбедување информации во врска со ЕУ, контакти со студентите, академската заедница, невладиниот сектор, граѓаните и сите останати групи во нашето општество. Во таа една година можам да кажам дека си го исполнивме ветувањето. Првиот роденден на ЕУ инфо-центарот не е само момент за прослава туку и момент за навраќање наназад за да се види што е направено до сега.ГОлем број луѓе го посетија ЕУ инфо-ценарот барајќи информации и публикации.Со цел да се обезбедат објективни информации за инфоцентарот беа дистрибуирани повеќе од 25 илјади публикации. Исто така ја проширивме ЕУ инфо-мрежата со ЕУ инфо-точки во Битола, Тетово како и во Националната библиотека Св. Климент Охридски во Скопје. Сите овие напори беа направени со цел Македонија еден ден да стане земја членка на ЕУ, но исто така и граѓаните на Македонија да станат граѓани на ЕУ. Позитивниот извештај од ЕУ пред седум дена е силен поттик за земјата, општеството како и сите граѓани кои имаат клучна улога во пристапувањето на земјата кон ЕУ“ изјави Еврокомесарот Ерван Фуере. Изминатава година беше успешна за нашата земја затоа што сметам дека улогата на ЕУ инфо центарот во Македонија навистина голема. ЕУ инфо-ценарот се покажа и како посредник во комуникацијата на сите заинтересирани страни релевантни, луѓе и институции во и надвор во Македонија.Затоа јас се радувам на нашата идна соработка, се надевам дека заедно ќе славиме уште многу родендени и дека идниот роденден на ЕУ инфо-центарот ќе го прославиме како членка на ЕУ.“ изјави Билјана Бејкова одговорна за ЕУ инфо-центарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се гони за лиценцата за дискотеката „Пулс“ во Кочани каде изби смртоносниот пожар.
Според Ахмети, се работи за политички прогон, а рече дека нема да се повлечат додека не се обезбеди неселективна правда и предвремени парламентрни избори.
„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори“, рече Ахмети за ТВ24.
Попладнево стигна реакција од неговите почитички опоненти Вреди/Влен кои велат дека улицата е на народот, а не на милионерите што се плашат од правдата.
„Дваесет години на власт – никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата. Сега, кога системот што си го изгради за себе се руши, Али Ахмети плаче за „улицата“, оти му се лизга тронот од раце и лажицата од уста!“, велат од коалицијата.
Го прашуваат Али Ахмети, каде бил кога во времето на неговото владеење со Груевски, Албанците се гушеле по затвори, а на нивното име се лепела етикетата „терорист“. Каде бил кога се измислувал Монструм, кога Сопот бил обвинет за тероризам, кога во Бродец се пролеала албанска крв, кога во Диво Насеље биле искористени за валкани политички сценарија.
Се додава дека денес, ДУИ се обидува да се претстави како жртва – ама единственото нешто што навистина ги плаши е правдата и гласовите на народот.
Македонија
ССНМ: Падот на светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 е одраз на состојбите во Македонија

На Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година Македонија е рангирана на 42. место (од 180 земји) што претставува пад од шест позиции
Оценката на Репортери без граници во нивниот извештај за слободата на медиумите во Македонија е реален одраз на околината во која работат новинарите и медиумските работници во земјава. На Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година според Репортери без граници, земјава е рангирана на 42. место (од 180 земји) што претставува пад од шест позиции.
Токму главните параметри на кои постојано предупредува и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) придонеле за овој пад на индексот на слобода на медиумите.
Како најалармантно го сметаме финасирањето на медиумите, кое е нетранспарентно, недоволно и со одржливост која постојано се доведува во прашање, ги става новинарите и нивниот интегритет подложни на влијание од разни центри на моќ.
Според Репортери без граници, законодавството поврзано со медиумите мора итно да се реформира, односно да се усогласи со европските акти за слобода на медиумите, а потребни се и сериозни напори за заштита од таканаречените СЛАП тужби кои претставуваат механизам за заплашување на новинарите од страна на моќниците, а често доведуваат и до автоцензура.
Во однос на безбедноста нотирани се низа заплашувања и закани кон новинарите, особено оние кои истражуваат сериозни злоупотреби, корупција и криминал, како и дека и покрај напредокот со кревање на свесноста кај институциите околу безбедноста на новинарите потребни се дополнителни подобрувања.
Затоа, ССНМ потсетува на наодите и потребните напори за подобрување на околината за работа на новинарите и медиумските работници, кои беа дел од Декларацијата објавена на почетокот на април, а која произлезе од „Мисијата за скрининг и застапување за работнички и професионални права на новинарите и медиумските работници“, а која ја предводеше генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари, Ентони Беланжер.
Македонија
Кривична пријава против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против Д.К. на работно место помлад полицаец и Б.Д. на работно место полицаец за безбедност на патниот сообраќај во Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.
Пријавените како службени лица – полициски службеници на 20.04.2025 година со намера да го спречат и отежнат докажувањето, прикривале и фалсификувале документи што може да послужат како доказ во постапка пред суд или друг орган надлежен за водење на постапка уредена со закон, на начин што првопријавениот издал прекршочен платен налог и записник за сторен сообраќаен прекршок на име на лице од Скопје за сторен прекршок, а потоа за да го прикрие прекршокот на лицето, ги преправил и фалсификувал прекршочниот платен налог и записникот за сторен сообраќаен прекршок на начин што на вториот примерок врз податоците нанесени со индиго од првиот примерок со пенкало ги внел податоците од друго лице од Скопје, иако ова лице воопшто наведениот ден не го контролирале ниту од нивна страна било запрено за сторен прекршок, а кое од претходно им било познато како чест извршител на сообраќајни прекршоци.
Второпријавениот, како одговорен на патролата иако знаел дека првопријавениот констатирал прекршок на лице од Скопје, а потоа на прекршочниот платен налог и записникот за сторен сообраќаен прекршок врз податоците на лицето сторител на сообраќајниот прекршок ги внел податоците на друго лице, му помогнал до го изврши кривичното дело, со тоа што во пополнувањето на прегледот на контролирани моторни возила и на извештајот од 20.04.2025 година за радар ги внеле податоците на сторителот на сообраќајниот прекршок, а потоа откако првопријавениот ги фалсификувал и преправил наведениот налог и записник, врз податоците на сторителот на прекршокот ги внеле податоците на друго лице и вака преправениoт преглед на контролирани моторни возила и извештај од 20.04.2025 година за радар, по завршувањето на работните задачи, ги приложиле заедно со наредбата за вршење дејност во Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници ќе поведе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.