Македонија
Санчез:АРМ е афирмирана како Армија со стандарди на НАТО
Трансформацијата и организациската структура на АРМ, како и искуствата на АРМ од учеството во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ОН, беа презентирани во четврток, за време на посетата Началникот на ГШ на ВС на Кралството Шпанија, генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез.
Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески го истакна значењето на посетата на адмиралот Санчез како прв НГШ на ВС на Кралството Шпанија во посета на АРМ, при што тој подвлече дека билатералната соработка со ВС на Шпанија ќе продолжи во обуката на клучни специјалности на АРМ пред упатување во мисијата ИСАФ во соодветните центри за обука во Шпанија, особено за обука на персонал за откривање на импровизирани експлозивни направи.
Од страна на НГШ на АРМ беше искажана и подготвеност за соработка со ВС на Кралството Шпанија на полето на военото образование, обуката на декларираните единици, единиците за спејални операции, како и употреба на Армискиот полигон ,,Криволак”. На крајот, генералот Котески се заблагодари за поддршката на ВС на Кралството Шпанија искажана низ досегашните заеднички мисии и вежби со АРМ.
Адмиралот Санчез нагласи дека АРМ во досегашниот период покажала висок степен на интероперабилност, особено во извршувањето на мисиите, при што се афирмирала како Армија со стандарди на НАТО.
Тој на средбата покажа интерес за проширување на соработката со АРМ, особено на полето на воената едукација и вежбите, во областа на одбраната од Cyber напади, военото разузнување, единиците за специјални операции, како и за размена на искуствата од доменот на асистенцијата на институциите во услови на елементарни непогоди и друго.
На средбата стана збор и за размена на искуствата во делот на воената логистика и медицинското обезбедување во мисиите.
Во останатиот дел од посетата, делегацијата од ВС на Кралството Шпанија ќе го посети полкот за специјални операции на АРМ, кде во касарната „Илинден” во Скопје, ќе бидат презентирани дел од капацитетите на оваа единица. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

