Македонија
Социјалните станови се распределуваат на оние кои имаат пари
Ако владата ги штити социјалните случаи треба да биде рамноправна, а не само за социјални станови да конкурираат оние кои имаат пари, обвинија од невладината организација Хоризонт Македонија.
Ако владата ги штити социјалните случаи треба да биде рамноправна, а не само за социјални станови да конкурираат оние кои имаат пари, обвинија од невладината организација Хоризонт Македонија.
Оттаму ја повикаа Владата да престане со правење реклама и маркетинг од социјалните случаеви, според нив невозможно е социјалните случаеви да конкурираат за овие станови, бидејќи се потребни пари за аплицирање.
„Поучени од претходното искуство, распределба на социјалните станови во 2004 година во Крива Паланка станови добија поштари, полицајци и оние кои имаат пари, а не социјални случаи и самохрани родители„ рече Ивица Младенов претседател на невладината Хоризонт Македонија.
Од министерството за транспорт и врски ги отфрлаат овие обвинувања бидејќи во тоа време министер за транспорт и врски не бил Миле Јанакиески.
„Тогаш се користел различен систем за распределба на становите, ние становите ги распределуваме јавно и транспарентно во присуство на лицата кои аплицирале“, изјави Драган Симоновски портпарол на министерството за транспорт и врски.
Од министерството велат дека нема место за манипулација со становите бидејќи се користи електронски софтвер, а се врши и увид на лице место за поднесената документација.
Минатата година имаше неправилности, бидејќи за социјалните станови кои беа доделувани во населбата Јурија биле пријавени и десетина лица со лажни податоци, некои од нив не живееле во скопските општини, а некои не ни биле жители на Македонија.
Лицата со лажни податоци беа изоставени од конечниот список за добивање на социјален стан.
И оваа година повеќе од половина апликанти би можело да бидат незадоволни од распределбата, затоа што 547 лица аплицирале за 208 станови, а минатата година за 102 социјални станови во Ѓорче Петров се пријавија 719 лица.
Распределбата на становите ќе биде јавно и по електронски пат, лицата кои аплицирале од утре до 26 овој месец можат да присуствуваат на јавната прелиминарна распределба во своите градови./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

