Свет
Тимошенко и официјално обвинета по две основи за злоупотреба

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска и официјално доби две обвиненија за злоупотреба на функцијата, јавува Риа Новости Двете кривични постапки против Тимошенко вклучуваат обвиненија за злоупотреба на државни фондови поради продавање на квотите за емисии на јаглерод според Протоколот од Кјото, а потоа употреба на тие средства за да се исплатат пензии и набавка од Министерството за здравство на 1.000 комбиња „Опел Комбо“ по претерани цени. Вчера поранешната премиерка била испрашувана цели 11 часа. Според нејзината изјава, обвинителите „веднаш ја заклучија предистражната постапка и ми ги дадоа материјалите да го разгледам“, стандарден процедура пред случајот да биде предаден на судовите. Како главен опозициски лидер во Украина, Тимошенко тврди дека случајот против неа и против членови на нејзината влада се политички мотивирани. Таа долго време е во жесток спор со актуелниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, од кого доживеа многу тесен пораз на претседателските избори. Тимошенко беше премиерка во текот на мандатот на претходниот претседател Виктор Јушченко, но премина во опозиција откако нејзината влада беше расформирана во март, по поразот на нејзината партија на парламентарните избори.Поддржувачите на Тимошенко ја обвинуваат администрацијата на Јанукович дека води „проруска“ политика и дека се предавници на интересите на Украина и тврдат дека кампањата против нивната лидерка се со цел да се уништи опозицијата. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.