Македонија
На Косово најдено возило на ограбувачите на „ПроКредит Банка“
Косовската полиција денеска потврди дека автомобил со оружјето што било користено во грабежот е пронајдено во косовско село во близина на граничниот премин Блаце
Иако косовските полициски власти не сакаат да дадат други информации одговарајќи дека имаат добра соработка со макеодснкото МВР, освен дека е најдено возило со кое на нивната страна од границата се префрлиле ограбувачите на „ПроКредит банка“, македонски извори велат дека во возилот се најдени сигурни докази. Според Арбер Бека од косовското МВР во изјава дадена за Канал 5, кај Генерал Јанковиќ биле откриени пет автоматски пушки „кашников АК-47“, 21 пушка, десет рачни гранати, кои биле однесени на лабораториско вештачење. Досега единетвено беше познато дека на неколку стотини метри од преминот Балце, кај косовското село Сечиште во автомобил беа пронајдени автоматски пушки и торби со ознака на „ПроКредит Банка“. Македоснкото мизнитерство останува на порано искажанито став дека сите информации во интерес на истрагат ќе ги чува, затоа што нивното објавување би можело д им биде од полза на ограбувачите кои се во бегство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

