Македонија
Снегот не преставува пречка во нормалното одвивање на сообраќајот

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.Нa граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата по интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица.
Пред пратениците се обрати министерот, кој рече дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со импровизираната дискотека „Пулс“.
Toшковски вели дека не се плаши од одговорност и жали за секој изгубен живот, а институциите постапуваат по сите случаи во согласност со законот.
„Пред вас не стојам како министер, туку како човек кој ја разбира тежината и одговорноста што ја носи функцијата. Ќе зборувам како личност што носи одлуки, но и како министер, и родител“, рече Тошковски.
Министерот во однос на точките од интерпелацијата изјави дека лиценцата за „Пулс“ била фалсификувана, а за употребата на пиротехнички средства немало ниту барање ниту дозвола. Во врска со точката од интерплацијата за наукажување на помош од страна на полициските службеници, Тошковски вели дека дека веднаш по дојавата за трагедијата, МВР реагирало со сите капацитети а службениците регаирале ефикасно со насочување на сите ресуроси.
„Не можам да дозволам да се оцрнува секој еден полициски службеник и професионалец во рамки на МВР од страна на оние кои не и мислат добро на Македонија“, рече Тошковски.
Интерпелацијата ја поднесе партијата Левица поради, како што се наведува, немањето никаква контрола врз дискотеката Пулс, нелегалната употреба на пиротехнички средства, неукажувањето помош од страна на полициските службеници, непроцесуирани закани против неистомисленици на власта, и забраната за употреба на дронови од МВР, што според партијата Левица, беше злоупотребено за да се повреди правото на протест.
Останатите пет точки од интерпелацијата, како што беше истакнато, се однесуваат на уапсени граѓани во гостиварско кои чистеле црква, на непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуана која ја чувала полицијата, за случајот со апсењето и притоворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни, и кадровската политика во Министерството.
Македонија
(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година денес е на разгледување пред пратениците на македонското собрание.
Интерпелацијата која ја поднесе пратеничката група на Левица, пред народните избраници ја образложи пратеникот Сашко Јанчев кој истакна дека за „некадарноста на министерот Тошковски од аспект на неговите карактерни особини, доволно говори фактот што тој досега не ни помисли да понуди оставка од морални причини, нешто што го правеле претходни македонски министри во слични ситуации кога сме имале вакви хаварии“.
„Интерпелацијата првенствено ја поднесуваме заради немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е изричито законска обврска на МВР. Настанот во Кочани резултираше со повеќе од шеесет починати и двеста повредени и истиот на површина изнесе недозволливи и сериозни системски пропусти од страна на институциите и органите (МВР, ДПИ, УЈП, Дирекција за заштита и спасување, локални власти, инспекциски органи, републички и општински, биро за јавна безбедност, полициски станици и други) кои имаат законска надлежност да го регулираат, надгледуваат и контролираат работењето на угостителски објекти од таков тип. особено во однос на безбедноста на јавните настапи и настани и употребата на пиротехнички средства. Сите овие се задолжени да вршат редовни контроли, да издаваат потребни дозволи, да ги регулираат условите за безбедноста и да преземаат мерки за спречување на злоупотреби. Дискотекава без мака си работи тринаесет години, притоа без да исполнува минимум услови за да работи и тоа е доказ за институционалниот башибозук кој го создадовте сите вие со партизацијата на институциите за време на вашите владеења и шурувањето со секакви локални битанги поради болно властољубие, вклучувајќи ја и партијата која сега е на власт, а која сега глуми спасител и стабилизатор“, истакна Јанчев.
Според Левица МВР потфрлило со тоа што дало согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир, плус безбедноста на сообраќајот како во сопствените надлежности за проверка на работно време, на гласност и бучавост, на присуство на малолетници после полноќ, на точење алкохол и употреба на наркотички супстанции. „Ништо од ова не е завршено. Да беше завршено, дискотеката немаше да постои“, рече Јанчев.
Дополнителен аргумент, како што истакна Јанчев, за одговорност на Тошковски е фалсификат лиценцата која е од време на неговото министерување.
„Особено сомнителен е моментот што во истрагата се вклучени речиси сите бивши функционери од Министерство за економија, Државен пазарен инспекторат и други органи, но симптоматично не се вклучени актуелните носители на функции од овие институции, вклучувајќи ги и одговорните лица од МВР, со исклучок на бившиот градоначалник на Кочани. Сите они не презеле навремени соодветни мерки и пропуштиле да истражат и санкционираат неправилности во работењето на дискотеката. Конкретно ова се однесува на одговорните лица во ОВР Кочани, СВР Штип и Бирото за јавна безбедност. Во јавноста протекаа информации за пријави за нарушување на јавниот ред и мир од страна на дискотеката Пулс, доставени до ОВР Кочани и СВР Штип. По нив не е постапено, што е спротивно на законот за полицијата“, рече Јанчев.
Според Левица нејасно и индикативно е изоставањето од истрага на актуелната началничка на ОВР Кочани, Марија Цветановска Маневска и началникот на Одделот за криминалистички работи во Кочани, Томо Донев кои се повеќе од една година на функција.
„Не се гонат ниту одговорните лица кои требало да водат евиденција за давање на одобрение за употреба на пиротехнички средства од ОВР Кочани.Изоставена од истрагата е и главната инспекторка за економски криминал од ОВР Кочани, Кристина Јованова, која и покрај фактот дека објектот само неколку месеци пред катастрофата бил казнат од УЈП поради неиздавање фискални сметки и други нерегуларности, не презела мерки за истрага за објектот“, рече пратеникот.
Левица во образложението за интерпелацијата прашува зошто МВР спротивно на стандардните оперативни процедури, вечерта правела рација без присуство на трудов инспектор, без присуство на инспектор од УЈП и Државниот пазарен инспекторат, кој е и надлежен при констатирање на неправилности кои тука очигледно ги имало, бидејќи објектот е без лиценца, да го затвори и да му стави пломба.
Македонија
„Влен“: Историски чекор, почнува изградбата на енергетската интерконекција со Албанија

Коалицијата ВЛЕН го објави отворањето на меѓународниот тендер за изградба на 400 kV интерконективна врска помеѓу Северна Македонија и Албанија, еден од, како што велат, најважните стратешки проекти за енергетската иднина на нашата земја.
„Овој голем успех е резултат на јасната визија и непоколебливата посветеност на директорот на МЕПСО , г-дин Бурим Латифи, и новиот менаџмент, кои со висок професионализам и целосна транспарентност го вратија на вистинскиот пат проектот што со години беше запоставен. Оваа витална интерконекција ќе ја позиционира Северна Македонија како клучен енергетски центар во регионот, ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето и ќе создаде нови можности за развој на капацитети за обновлива енергија“, велат од ВЛЕН.