Вести
Москва: Приказните за руските хакери се измислени хорор приказни
Кремљ во средата повторно ги отфрли обвинувањата од американските демократи дека Русија е одговорна за хакирањето на серверите на Демократската партија од која протекоа непријатни електронски пораки во врска со внатрепартиските избори за претседателски кандидат, оценувајќи дека станува збор за „хорор приказни“ кои ги измислиле американските политичари и истакнувајќи дека Москва никогаш не се меша во предизборните кампањи во други држави.
Кремљ во средата повторно ги отфрли обвинувањата од американските демократи дека Русија е одговорна за хакирањето на серверите на Демократската партија од која протекоа непријатни електронски пораки во врска со внатрепартиските избори за претседателски кандидат, оценувајќи дека станува збор за „хорор приказни“ кои ги измислиле американските политичари и истакнувајќи дека Москва никогаш не се меша во предизборните кампањи во други држави.
„Москва силно настојува да избегне какви и да се зборови кои би можеле да се протолкуваат како директно или индиректно мешање во изборниот процес во која и да е земја. Гледаме дека ткн ‘руска карта’ е на масата на сите политичари во Вашингтон во текот на изборната кампања и дека тие многу често ја користат како адут во играта“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков реагираше на изјавите на американскиот претседател Барак Обама кој во вторникот за телевизиската мрежа NBC News изјави дека е можно Русија да се обиде да се вмеша во американските претседателски избори, откако во јавноста преку WikiLeaks протекоа електронските пораки на Демократскиот национален комитет (DNC), раководното тело на неговата Демократска партија.
„Сé е можно“, рече Обама за NBC News на прашањето дали Русија би се обидела да влијае на изборите на 8-ми ноември.
Во над 19-те илјади писма, за кои американските политичари ги обвинуваат ткн „руски хакери“, се гледа дека на членовите на комитетот, кои треба да се неутрални им се порачува да гласаат за Хилари Клинтон а за нејзиниот противкандидат на партиските избори гувернерот Берни Сандерс да продуцираат скандали и афери во врска со неговата национална припадност и религијата. Тоа беше причина претседателката на DNC, Деби Васерман-Шулц во неделата вечерта да објави специјална изјава во која ја објави својата намера да ја напушти функцијата по партиската конвенција.
„Тоа ме потсетува на друштво во коешто се раскажуваат и потоа сите во него почнуваат да се плашат од сопствените приказни“, рече Песков.
Обама рече дека Федералното биро за истраги (FBI) го истражува случајот на протекувањето на мејловите на DNC. Додаде дека знае дека „стручњаците тоа им ги припишале на Русите“.
Американскиот претседател не рече кои би биле мотивите за таквото објавување, но спомна дека републиканскиот кандидат „Доналд Трамп повеќепати повторуваше дека му се восхитува на Владимир Путин“, Обама тврдеше и дека „за Трамп многу поволно се пишува во Русија“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.