Свет
Напаѓачите на црвката во Александрија ќе се бараат спроед ДНК
Анализата на ДНК од останките на загинатите во самоубиствениот напад врз коптската црква во Александрија, кои се наоѓале во време на експлозијата во епицентарот, ќе помогне да се утврди идентитетот на сторителите на терористичкиот напад, изјавил денеска полициски извор за локалните медиуми
Според истрагата на судската медицина, во моментов остануваат неидентификувани остатоци од три или четири лица кои биле во епицентарот на експлозијата. Во утврдувањето на идентитетот може да помогне анализа на ДНК на жртвите, која ќе биде направена набрзо. Со оваа процедура египетските власти се надеваат дека ќе дојдат до извршителите на нападот во кој загинаа 21 лице а стотина беа ранети.Првичните резултати од истрагата укажуваат дека бомбашот-самоубиец прво се обидел да влезе во црквата со што би предизвикал многу повеќе жртви заради мноштвото луѓе кои присуствувале на новогодишната служба. Сепак, присуството на полицијата пред црквата и на плоштадот пред неа, најверојатно го принудило напаѓачот да причека и да го активира експлозивот кога парохјаните излегувале од црквата и се упатиле кон нивнтие возила на блискиот паркинг.Иследниците веруваат дека сторителот веројатно дошол во Египет од странство под закрила на негови соучесници Египќани, кои се наоѓаат меѓу членовите на локалните екстремистички групи, кои бомбашот го обезбедиле со привремено живеалиште, разработена шема за нападот и му помогнале да ја направи експлозивната направа. Египетското министерство за внатрешни работи има оперативни информации според кои во земјата има притаено странски државјани кои може да се вмешани во експлозијата. Во моментов, зајакнати се контролите на копнените, морските и воздушните гранични влезови и излези во Египет за да не се дозволи нивно бегства надвор од земјата.Во силната експлозија во новогодишната ноќ пред православната коптска црква „Сите Свети“ во вториот по големина град на Египет, Александрија, загинаа 21 луѓе а околу 100 беа повредени.Веднаш по експлозијата, египетските анти-терористички експерти и официјални претставници на властите укажаа на големата веројатност за странска вмешаност во терористичката акција. Овие податоци ги потврди и министерството за внатрешни работи. Претходно, екстремни исламистички групи блиски до меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда им се заканија на египетските христијани. По овие закани, египетските власти го подигнаа нивото на безбедност во црквите во главниот град Каиро, како и во други градови.Претходно меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда испрати закани за египетски христијани. Така, терористите кои пред два месеци ја нападнаа црквата во ирачкиот главен град Багдад, побараа ослободување на муслимански жени, кои наводно се држат во египетсио манастири. Станува збор за две жени на коптски свештенослужители. Според терористите тие преминале во исламот и се обиделе да избегаат од нивните мажи. Меѓутоа, други докази покажуваат дека тие насилно го прифатиле исламот.Христијаните од коптската православна црква сочинуваат околу десет отсто од 80-милионското претежно муслиманско население на Египет. Коптски православна црква која е најзначајната христијанска заедница на Блискиот исток, според легендата, била основана во 63-та година од нашата ера од апостолот Марко. Христијаните и муслиманите живеат заедно во мир во Египет со векови, но одвреме-навреме во различни делови на земјите доаѓа до конфликти меѓу двете заедници. Најчеста причина за инцидентите се спорови околу земјиштето или конфликти меѓу семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

