Македонија
Лекарите работеле по пропис во случајот со смртта на 10 годишно дете
Лекарите од велешката болница постапиле според прописите, во случајот со 10-годишното дете, кое почина вчера по операција од слепо црево, констатираат од комисијата при Медицинскиот центар од Велес.
Лекарите од велешката болница постапиле според прописите, во случајот со 10-годишното дете, кое почина вчера по операција од слепо црево, констатираат од комисијата при Медицинскиот центар од Велес. Конзилиумот од лекари уште во текот на вчерашниот ден одржа седница по повод смртта на 10 годишното дете од Горно Јаболчиште, оперирано од слепо црево. Изјави дале сите лица кои биле вклучени во неговото лекување од приемот во болницата до настапување на смртта. „Интерната комисија при општата болница од Велес ги разгледа сите факти и ги зема изјавите од целиот болнички персонал кој се грижел за здравјето на детето и не се утврди било каква одговорност. Со пациентот се постапувало според сите прописи,“ рече д-р Ванчо Граматов, директор на општата болница – Велес. Институтот за судска медицина треба да ги разјасни причините за смртта на 10 годишниот пациент. Медицинскиот центар за случајот комплетната документација ја доставил до санитарната инспекција, пренесува порталот Лисица. Според инспекторите, најнапред треба да се извршат испитувања на санитетските услови во кои е извршен хирушкиот зафат во болницата, па потоа да се даде оценка за случајот. Директорот на велешката болница вели дека Институтот за судска медицина ќе го има последниот збор. Резултатите од обдукцијата ќе ја откријат причината за смртта на детето. /крај/лисица/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

