Македонија
КСС: СДСМ да се огради од грубите изјави на Заев

Конфедерацијата на слободни синдикати е згрозена од изјавите Заев кои се однесуваа на начините и постапките за спроведување на вработувањата во Струмица и најавите за политичкото делување на СДСМ кон вработените во државната и јавната администрација по евентуалното преземање на власта.
Ова се вели наведува меѓу другото во реакцијата на КСС, за кои изјавата на струмичкиот градоначалник и поранешен в.д претседател и актуелен потпретседател на СДСМ, Зоран Заев искажана на трибина во Валандово ги карактеризира како груба повреда на правото за добивање на работа на секој граѓанин. „Тврдењата дека се вработуваат само роднини, пријатели и дека доколку некој не е согласен и не припаѓа на одредена политичка партија ќе го загуби своето работно место, исто така преставува повреда на законот за државни службеници, како и на уставното начело со кое штити правото на работа“, се вели во дописот на КСС..Од синдикатот потсетуваат дека во државата постојат законски регулативи со кои е определен начинот на кои се врши постапката и изборот при вработувањетo, при што се нагласува дека никаде не е предвидено дека партиската припадност или роднинската поврзаност е елемент за одлучување при вработување, туку дека тоа претставува кршење на законите што се казнува.КСС реагира, се вели натаму во дописот, бидејќи со ваквите изјави се дозволува политиката партиски да го инструментализира работењето на администрација. КСС ја повикува СДСМ да се дистанцира од овие изјави на потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, со што според нив ќе докаже дека ги штити работничките права..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Чаир почна нова ера на развој

Денес, на последниот ден од кампањата за локалните избори на 19 октомври, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, пред граѓаните презентираше целосен преглед на својата програмска понуда.
Меџити ги претстави стратешките проекти за трансформација на Чаир во, како што кажа, модерна и развиена општина, со акцент на урбаната инфраструктура, квалитетното образование, заштитата на животната средина, социјалната инклузија и економското зајакнување.
Тој нагласи дека новата ера во Чаир веќе започна и дека оваа нова визија ќе се гради врз конкретни дела, институционална поддршка и чесно партнерство со граѓаните.
„Од моментот кога дојдовме на власт започнавме нова ера на инвестиции. Го вративме достоинството на Чаир и го преобразуваме во една модерна, функционална и развиена општина, со големи вложувања во инфраструктура и во секој друг сектор“, рече Меџити.
Додаде дека предвидените проекти го претвараат Чаир во модел на развој, благосостојба и заедничко живеење.
„Градиме Чаир кој чекори со ритамот на развојот, кој им служи на луѓето и кој е гордоста на Скопје. Затоа што Чаир е нашиот дом. И заедно, со работа, посветеност и љубов кон ова место, ќе го направиме Чаир шампион на развојот, гордоста и победата. Почитувани чаирчани, ви благодарам од срце за големата поддршка, за довербата и за вашата посветеност на секој чекор од оваа кампања. Ви благодарам што ми ги отворивте вратите на вашите домови, што дојдовте на нашите собири со ентузијазам, што нé послушавте со срце и нé поддржавте. Нашата сила сте вие, граѓаните на Чаир, кои ја водите промената“, рече Меџити.
Македонија
Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Овие избори се историски во Чаир, ова е референдум за иднината на Чаир, но и референдум за достоинството на граѓаните, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, последната пред завршувањето на кампањата. Тој порача дека изборите во недела на 19-ти октомври се историски момент за општината и за достоинството на граѓаните.
„На овие избори има само две страни. Од една страна се граѓаните на Чаир, народот кој чесно работи, скромно живее и ја сака општината. Сите вие кои сакате ред, почит и грижа за општината која ја заслужувате. Од друга страна се оние кои ја узурпираа општината за себе. Кои 20 години ја користеа за сопствено богатење, кои 20 години нудат празни ветувања пред избори а потоа продолжуваат со иста песна, корупција, неред и работа само за себе“, истакна Османи.
Според Османи, токму затоа на Чаир по 19 октомври ќе му се случи земјотрес од промените што граѓаните секој ден ги бараат.
„Тоа не се далечни ветувања, туку конкретни обврски што ќе ги реализира веднаш по преземањето на функцијата. Ова не се ветувања за некоја иднина, ова се конкретни обврски кои ги преземам доколку ми ја доверите довербата. Но, ова не е само битка за подобра општина, ова е битка за достоинството на граѓаните“, нагласи Османи.
Во своето обраќање, тој остро предупреди на политичките и општествените процеси што, како што рече, го загрозуваат европскиот курс на државата.
„Денес гледаме како ‘српскиот свет’ продира во државата, како нашата заедница се турка на маргините, како европскиот сон се оддалечува. Чаир не смее да стане симбол на пораз. Чаир мора да биде бастион на достоинството“, изјави Османи.
Тој порача дека гласањето во недела, на 19-ти октомври има значење што оди подалеку од локалните избори.
„Вашиот глас е повеќе од локален избор. Вашиот глас е порака дека граѓаните стојат исправени, дека нема назадување, дека Чаир е срцето на нашата сила. Чаир е нашата гордост и граѓаните нема не дозволуваат никој да им гази по гордоста“, порача Османи.
Во завршницата, тој се осврна на неговиот противкандидат, нагласувајќи дека граѓаните имаат јасен избор меѓу минатото и иднината.
„Мојот противник имаше 20 години. 20 години и што добивме? Урбан хаос, дивоградби, стагнација. Ако за 20 години не донесе ред, нема да донесе ниту за 4. Чаир има избор, или да остане заробен во минатото или да отвори врата кон иднината“, истакна Османи.
Тој ја заврши пораката со повик до граѓаните да не останат рамнодушни на изборите на 19-ти октомври.
„Знам дека многумина сте разочарани и велите ‘сите се исти’. Но тоа не е вистина. Разликата е во тоа дали ќе останете дома и ќе дозволите други да одлучуваат за вас, или ќе излезете и ќе ја земете иднината на Чаир во свои раце“, потенцираше Османи.
Македонија
МОН и УЈП ќе ја унапредуваат финансиската едукација во училиштата

Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум за спроведување на проект чија цел е унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите.
Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците на документот – министерката за образование и наука, Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова е исклучително важно да создаваме генерации кои ќе го разбираат значењето на даноците, функционирањето на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции.
Едукацијата ќе се реализира на интересен и интерактивен начин – преку игри, симулации и креативни работилници, а стекнатото знаење ќе се проверува со даночен квиз, односно натпревар меѓу учениците. Активностите во училиштата започнуваат во декември и ќе се реализираат до крајот на учебната година.
Јаневска и Петрова очекуваат висока ефективност, а резултатите од проектот може да послужат како основа за надградување на наставните програми во иднина.