Контакт

Вести

Клинтон ја обвини Русија за хакирање на серверите на Демократската партија

Објавено пред

Кандидатката на ноемвриските претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, го обвини руското разузнавање за учество во најмалку еден од трите случаи на кибернетички упади во серверите на нејзината Демократска партија.

dobivaj vesti na viber

„Знаеме дека руските разузнавачки служби го хакирале серверот на Националниот комитет на Демократската партија (DNC), дека тие го овозможиле објавувањето на многуте електронски пораки (од преписката на највисоките членови на партијата)“, изјави за телевизијата Fox News Хилари Клинтон.

Поранешната државна секретарка рече, исто така, дека „активностите на Русија, веројатно претставуваат намерни обиди да се влијае врз претседателските избори“ во САД.

Но на прашањето дали смета дека Москва се обидува да му помогне на Трамп да биде избран за претседател, Клинтон одговори дека нема да брза со таквите заклучоци.

„Но верувам дека доколку ги изложите фактите, се појавуваат сериозни прашања во однос на руското мешање во нашите избори, во нашата демократија“, рече Клинтон, додавајќи дека таа нема да толерира такво однесува од која и да е земја, особено од „противниците“, кон кои таа ја класифицира и Русија.

„Трамп дури и го охрабрува тоа, го фали Путин, и покрај тоа што, се чини, има свесните обиди да се влијае врз изборите. Тоа, како што сметам, го покренува прашањето на националната безбедност“, рече Клинтон.

Шефот на нејзината кампања, Роби Мук, претходно тврдеше дека Трамп има помош од хакери кои се поврзани со Русија. Според неговата верзија, тие ги украле електронските писма кои ги разменувале членовите на DNC, највисокиот орган во Демократската партија.

Од оваа преписка, од која над 19.000 писма беа објавени на порталот на WikiLeaks, се дозна дека членовите на Комитетот биле повикувани да ја поддржат на партиските предизбори Клинтон, а особено непријатни беа упатствата да се дискредитира нејзиниот противник сенаторот Берни Сандерс. Овој скандал се разгоре пред почетокот на минатонеделната национална конвенција на Демократската партија во Филаделфија, и ја предизвика оставката на челничката на DNC.

Потоа, Демократската партија објави дека цел на кибернетички напади биле и партиските сервери, како и серверите на изборниот штаб на Хилари Клинтон. И за овие напади беа обвинети „руските траги“, поради кириличните букви во трагите коишто ги оставиле хакерите, па дури и актуелниот претседател Барак Обама прстот го вперија во Русија.

Ваквите обвинувања во Москва ги нарекува апсурдни, а според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков „тие се толку апсурдни, што едноставно се граничат со тоталната глупост“. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пак, на барање да ги коментира американските обвинувања одговори кусо дека не сака да го употребува грдиот „збор од четири букви“. Освен тоа, од Кремљ истакнаа дека Русија секогаш избегнувала да дава изјави кои може да се толкуваат како мешање во внатрешните работ на други земји./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет1 час

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија2 часа

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија2 часа

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет4 часа

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија11 часа

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија15 часа

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје16 часа

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...

Македонија16 часа

На Табановце чекање и до 40 минути, АМСМ апелира за трпение

Долги колони возила се создаваат на граничниот премин Табановце, каде што за излез и влез во државата се чека и...

Свет17 часа

Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу...

Скопје18 часа

Таксистите добиваат 200 електрични возила, Меџити го претстави проектот кој ќе го чисти воздухот

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес на работен состанок...

Економија21 час

Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според...

Македонија23 часа

Илиевски: Дали за торба пари Мицкоски продаде државни тајни?

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна загриженоста на партијата за одбивањето на Христијан Мицкоски...

Македонија23 часа

СДСМ призна дека ги прислушкувал Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели Петрушевски

СДСМ призна дека го прислушкувал и го следел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени, обвинуваат од...

Свет24 часа

„Не одам кај терористот“, Зеленски ја отфрли понудата на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли идејата на рускиот лидер Владимир Путин за билатерална средба во Москва, објави Укринформ,...

Свет1 ден

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

Израелската армија утрово издаде итен апел до палестинските цивили во Газа да се евакуираат кон југ на градот, со цел...

Македонија1 ден

Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ

Образовниот систем во Македонија ја почна хаотично новата учебна година, откако се покажа дека учениците немаат учебници, иако од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет1 ден

Трамп: Америка нема само да се брани, туку ќе оди во војна

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Министерството за одбрана на земјата се преименува во Министерство за војна,...

Македонија1 ден

Македонци заминуваат кон грчките плажи, продолжениот викенд предизвика хаос на „Богородица“

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но зголемената фреквенција на возила поради летните одмори и...

Македонија1 ден

Летни температури во септември, Скопје до 35 степени

Граѓаните на Македонија денеска ќе уживаат во сончево и топло време со слаба до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки...