Свет
Варшавјани не сакаат џамија финансирана со саудиски пари
 
																								
												
												
											Aктивисти на организацијата Европска иднина денеска протестираа на улиците, поради изградбата на втората џамија во полската престолнина.
Aктивисти на организацијата Европска иднина денеска протестираа на улиците, поради изградбата на втората џамија во полската престолнина.
Според организаторите, демонстрантите не сакаат да се гради џамија што ќе биде финансирана со Саудиски капитал, што е поврзан со фундаменталистите и вахабитите.
“Нема да дозволиме да бидеме како Берлин или Лондон, каде што никнуваат муслимански гета“ – изјавија организаторите на протестите и додаваат дека немаат ништо против ако џамијата ја изгради најстарата автохтона исламска заедница во Полска -таканаречените полски Татари.
Тие веќе имаат две џамии на истокот на Полска и една нова во Гдањск, како и џамијата во Варшава од 1925 година.
Полските Татари бараат да им се врати парцелата што ја конфискувале комунистите на која што сакаат да изградат џамија
На противниците на новата џамија не им се допаѓа тоа што спонзорот на новата џамија е од Саудијска Арабија, затоа што се плашат од продорот на вахабитите во нивната земја./крај/бета/см
фото:Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Свет
Се сретнаа министрите за одбрана на САД и Кина, Пекинг го предупреди Вашингтон за Тајван
 
														Американскиот и кинескиот министер за одбрана, Пит Хегсет и Донг Џун, се сретнаа во Куала Лумпур во рамки на состанокот на министрите за одбрана на АСЕАН. Средбата е оценета како добра и конструктивна и претставува сигнал за постепено подобрување на воената комуникација меѓу двете земји.
Хегсет му рекол на кинескиот колега дека САД ќе ги бранат своите интереси и изразил загриженост поради кинеските активности во Јужното Кинеско Море и околу Тајван. Истовремено нагласил дека Вашингтон не бара судир, но ќе ја задржи рамнотежата на силите во регионот.
Кинеското министерство за одбрана соопшти дека Донг го предупредил Вашингтон да биде внимателен со зборови и дела во врска со Тајван и да се спротивстави на неговата независност. Тој додал дека Кина е посветена на мирен развој, но ќе ги брани своите безбедносни интереси.
Според Пекинг, неодамнешната средба меѓу Трамп и Шји Џинпинг дала стратегиски насоки за подобрување на одбранбените односи и потребни се конкретни чекори. Средбата се одржа во момент кога Кина го засилува военото присуство околу Тајван, а САД повикуваат на поголема транспарентност и дијалог за регионалната безбедност и нуклеарното вооружување.
Свет
Иран ја смета одлуката на САД за продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје за неодговорна
 
														Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги опиша плановите на Соединетите Американски Држави за продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје како регресивни и неодговорни, објави агенцијата Франс Прес.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека издал наредба до Пентагон веднаш да продолжи со тестирањето на такво оружје.
„Насилник со нуклеарно оружје ги обновува тестирањата на атомско оружје. Истиот насилник ја демонизира мирноприродната нуклеарна програма на Иран“, рече иранскиот министер за надворешни работи во објава на социјалните мрежи како одговор.
Абас Арагчи, исто така, ја опиша одлуката како сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност.
Свет
Европската Комисија: Новите тестови на оружје на Русија не се чекори во вистинската насока
 
														Тестирањето на ракетата „Буревестник“ и торпедото „Посејдон“ од страна на Русија не е чекор во вистинската насока, изјави портпаролката на Комисијата, Анита Хипер.
„Ако тие навистина се нуклеарни, тие би можеле да шират радиоактивни супстанции“, додаде таа.
„Ова уште еднаш покажува дека наместо да избере мир, Русија продолжува со ескалацијата со својата реторика и дејствија“, додаде Хипер.
На прашањето дали овие обиди се закана за Европа, таа одговори дека Русија воопшто е закана за европската безбедност.
На прашањето за најавената намера на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со нуклеарните тестирања, што не е направено од 1990-тите, таа рече дека досега не е откриен таков обид од страна на САД и дека двете земји не треба да се изедначуваат.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											