Свет
Пентагон развива ново тајно оружје
По потпишувањето на договорот со Русија за нуклеарното разоружување и кампањата за намалување на ова оружје во светски размери на американскиот претседател, Пентагон забрзано работи на развивање конвенционално оружје кој би го имал истиот ефект
Новата воена технологија која би требало да американската армија да и’ овозможи да реагира на секоја точка на планетава за помалку од еден час е наречена „Брз глобален удар“ а првата верзија би требало да стане функционална меѓу 2014 и 2015 г., пишува The New York Times.Тоа, според написот, во практиката треба да изгледа вака: сателитски наведувана ракета од половина тон може да ја разнесе пештерата во која се крие Осама бин Ладен веднаш откако точно ќе се открие во која е, да погоди севернокорејска ракета уште додека се мести лансираната рампа или да уништи ирански нуклеарен пункт, и сето тоа да се стори без нарушување на веќе постигнатите обврзувачки договори за уништувањето на нуклеарните арсенали меѓу Вашингтон и Москва. .Коментаторот на Тhe New York Times, смета дека две седмици откако Русија и САД го потпишаа новиот START договор за нуклеарно разоружување, најверојатно Москва се чувствува изиграна.Идејата за алтернатива на нуклеарните боеви глави потекна уште во времето на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, но Кремљ тогаш стоеше на ставот дека употребата на таков нов систем може да испровоцира нуклеарна војна.„Тогаш се откажаа, но новата администрација реши да ја прифати и продолжи идејата“, изјавил американскиот министер за одбрана, Роберт Гејтс кој беше дел и од администрацијата на Буш.Новиот ракетен систем на почетокот би требало да биде лоциран на американскиот западен брег. Боевата глава на далекустрелна ракета би патувала низ атмосферата со брзина поголема брзина од звукот и притоа би создавала огромна топлина за што ќе мора да има посебен оклоп за да се избегне триењето.Според изворите на весникот, способноста за маневрирање на овој систем би била многу поголема отколку кај балистичките ракети. Ракета од овој систем, на пример, би летала со рамна патека кон Персискиот залив, а тогаш би направила остро свртување кон метата.САД на овој начин го избегнува досегашната своја зависност од потенцијалот на нуклеарното оружје, но аналитичарите велат дека на Русија и Кина ќе мора да им овозможи увид во проектот за да се убедат дека не станува збор за нуклеарно оружје.Во секој случај, може да констатираме, за жал, дека трката во вооружување, и покрај сите изјави – далеку е од крајот, или барем од вистинското ограничување. Потврда на тоа е и новиот американско воено летало кое може да доведе и до трка во милитаризирање на атмосферата на Земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хрватска наскоро целосно ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
Наскоро се очекува нова регулатива, со која ќе се воведе забрана за употреба на мобилни телефони во основните училишта, и за време на часовите и за време на одморите.
Тотална забрана во основните училишта, олеснети правила во средните училишта
„Можете многу наскоро да очекувате регулатива во училиштата што дефинитивно ќе ја забрани употребата на мобилни телефони во основните училишта, и за време на часовите и надвор од нив“, изјави Фукс за RTL.
Тој објасни дека забраната нема да може да се спроведува толку строго во средните училишта. „Секако ќе биде забранета за време на часовите, освен ако професорите не го користат уредот за наставни цели, но за време на одморите не е толку едноставно“, додаде тој.
Министерот ја спомена и можноста за законско решение што би го ограничило користењето на мобилни телефони од страна на малолетници, по примерот на забраните за алкохол и цигари, но нагласи дека таков чекор бара поширок општествен консензус. „Правните решенија се релативно едноставни за пропишување, но ни требаат повеќе дискусии и договори“, рече тој.
Проблемот не се само уредите, туку и социјалните мрежи
Зборувајќи за сопственото искуство, Фукс призна дека не е лесно да се постават граници дури ни во неговото семејство. „Имам внуци тинејџери и, за жал, тие поминуваат премногу време на своите телефони. Се обидувам да влијаам на нивните родители, но ситуациите се многу различни; некои имаат поголема контрола, некои помалку.“
Тој истакна дека проблемот не лежи само во уредите, туку и во социјалните мрежи, каде што е клучната улога на родителите. „Постојат ограничувања во возраста, на пример, TikTok е веќе 13 години, но прашањето е кој го контролира. Ако родителите не учествуваат, тешко е да се спроведе нешто“, рече тој, предупредувајќи за загрозување на менталното здравје на децата.
Нови правила и за оправдувањата
Покрај забраната на мобилните телефони, министерот најави и промени поврзани со оправдувањата. Поради ненадејното зголемување на оправданите отсуства, се разгледува ограничувањето на родителските изговори на два до три пати по полугодие.
„Забележавме огромен број часови со отсуство, особено за време на најавените тестови. Многу е веројатно дека ќе се воведе комбинирана варијанта, но сè уште ги разговараме деталите со Министерството за здравство“, објасни Фукс.
Свет
По 2.000 долари на сите американски граѓани, им ветува Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека владата ќе им исплати на повеќето граѓани „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице, објави тој денеска на својата платформа Truth Social.
Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, без да наведе точно кои се тие нивоа на приходи или кога ќе почне исплатата, пренесе ДПА.
Во својата објава, Трамп ја пофали американската економија, наведувајќи дека царините ќе донесат „трилиони долари“ кои наскоро ќе можат да се искористат за намалување на огромниот државен долг.
– Луѓето кои се против царините се будали! напиша тој, додавајќи дека Соединетите Држави се „најбогатата и најпочитуваната земја во светот“, со „речиси никаква инфлација и рекорден берзански индекс. „
Американскиот претседател и претходно ја спомена идејата за исплата на пари на граѓаните, но тогаш не ја реализираше.
Свет
Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети
Неколку региони во Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети.
Во Белгородската област, која се граничи со Украина на запад, гувернерот Вјачеслав Гладков денеска на Телеграм напиша дека еден напад ја оштетил енергетската и грејната инфраструктура на градот. Тој додаде дека се вршат поправки, а пријавени се и оштетувања на објекти и возила.
Во соседната Воронежка област, која се граничи со Белгород на исток, гувернерот Александар Гусев исто така пријави ракетни и напади со дронови, наведувајќи дека противвоздушната одбрана пресретнала дел од дроновите.
Пожар во едно општинска постројка бил брзо изгаснат, иако непотврдени извештаи на социјалните мрежи тврдат дека била погодена градската комбинирана термоелектрана.
Гусев предупреди дека делови од Воронеж би можеле привремено да останат без струја и да имаат прекини во греењето. Тој исто така пријави оштетувања на објекти на една градежна компанија и неколку возила. На жителите им беше препорачано да се засолнат во бункери како мерка на претпазливост.
Во градот Таганрог во Ростовската област исто така имаше извештаи на социјалните мрежи за експлозии и прекини на електрична енергија.
Во меѓувреме, Украина соопшти дека претрпела десетици напади, нарекувајќи ги едни од најжестоките руски ракетни и напади со дронови врз нејзината енергетска инфраструктура од почетокот на војната.
Од 69 напади со дронови, 34 биле одбиени, според украинските власти. Ден претходно, Русија изврши напади со 458 дронови, 45 ракети и крстосувачки проектили.
Народот на Украина и понатаму е сериозно погоден од прекини на струја, греење и топла вода, пренесе ДПА.

