Македонија
Пратениците ја започнуваат расправата за предлог-буџетот за 2014 година
Пратениците во републичкото Собрание од среда ќе ја започнат расправата за предлог-буџетот за 2014 година, за кој опозицијата подготви 684 амандмани.
Според измените во Деловникот за работа на Собранието, расправата за буџетот треба да трае 10 дена, од кои пет за амандманите и пет на пленарна седница.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева во понеделникот предупреди дека опозицијата, со поднесувањето на голем број амандмани, сака да ја блокира работата на Собранието и да ги повтори настаните од минатата година.
Од друга страна, опозициската СДСМ негираше вакво сценарио. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ
Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство
„Вечерва се одржа првата седница на Централниот одбор на СДСМ во новиот состав откако новите членови беа избрани на 30-от Конгрес. Состанокот помина во одлична атмосфера и позитивна атмосфера, со многу енергија и ентузијазам кај новите членови на Централниот одбор.
Се избра новото партиско раководство, членови на Извршниот одбор, понатаму генералниот секретар, тоа е Александар Димитријевиќ. Се избраа потпретседателите на партијата, Кристина Костова од Штип, Менде Илиевски од Битола, поранешната министерка Каја Шукова и професорката Ана Чупевска од Правниот Факултет, двајцата организациски секретари, поранешниот пратеник Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармакоски од Општинската организација Центар.
Оваа енергија, оваа одлична атмосфера којашто ја имавме вечерва е само доказ дека консолидацијата не само што е започната, туку таа многу добро се одвива на сите нивоа во партијата. Вечерва избравме луѓе коишто имаат многу силен личен интегритет, многу знаење и искуство во своите области на делување претходно, коишто верувам дека со сета сила и знаење ќе се вложат во периодот којшто следи.
Имаме веќе план за работа. Многу силна и многу интензивна работа почнува веќе утре. Направен е план за посета на сите општински организации. Има насоки за промена во делувањето, комуникацијата со луѓето, начинот на коишто ќе допреме до членовите и симпатизерите, на оние коишто од некои причини не гласаа, се налутија, останаа дома, гласаа за друг политички субјект, веќе пристапуваат поради, и сме подготвени да ги слушнеме сите нивни предлози и во еден широк инклузивен процес да ги вклучиме сите наши членови и симпатизери во процесот на креирање на политики“, истакна лидерот на СДСМ.
Македонија
„Биди храбар Трајко“: Арсовска до Славески да ја постави точката за приватните превозници на дневен ред
Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има, извести градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска одговарајќи на објавата на претседателот на Советот на Град Скопје, Славески кој преку објава на социјалните мрежи напиша дека Арсовска е на потег во врска со случајот со приватните превозници.
„Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не.
Биди храбар Трајко“, му порача Арсовска на Славески во напишаното.
Славески пак претходно најави дека приватните превозници преку член на Советот на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги а дека предлогот е доставен до градоначалничката.
Македонија
Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје
Предлогот за зголемување на цената за поминат километар на приватните превозници е пуштен на мислење до градоначалничката Данела Арсовска, ова го објави претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.
„Приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.
ПРИВАТИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ПРЕКУ ЧЛЕН НА СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ БАРААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА НИВНИТЕ УСЛУГИ
– НА ПОТЕГ Е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АРСОВСКА – pic.twitter.com/eDvd8DmyWC
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 27, 2024
На потег е градоначалникот Арсовска“, обзнани Славески.
Тој според објавеното побарал од Арсовска да одговори дали се согласува со промена на условите во договорот кој има важност до мај следната година, но бара и конкретен птредлог за зголемување на цената со образчожение на кои параметри го темели предлогот.