Македонија
Иванов изрази жалење за смртта на фон Хабзбург
Претседателот Ѓорге Иванов испрати писмо со сочуство до семејството на австрискиот надвојвода Ото фон Хабзбург, кој почина денеска во 99-та година од животот.
Претседателот Ѓорге Иванов испрати писмо со сочуство до семејството на австрискиот надвојвода Ото фон Хабзбург, кој почина денеска во 99-та година од животот. Иванов во писмото изразува жалење за смррта на фон Хабзбур, кој како почесен член на паневропската Унија беше силен поддржувач на македонската интеграција во Европската Унија. „Република Македонија е неизмерно благодарна за неуморниот ангажман и воедно горда што го имаше за искрен пријател и поддржувач. Фон Хабсбург не задолжи сите нас, да го негуваме и продолжиме неговото дело чиј централен мотив беше идејата за слободна, демократска, просперитетна и обединета Европа. Токму затоа, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, Ве молам да ги примите изразите на искрено сочувство“, се вели во писмото на претседателот Иванов со семејството Хабсбург.Во јануари годинава претседателот Ѓорге Иванов, на неговото височество Ото фон Хабзбург му додели Орден за заслуги на Македонија за неговиот исклучителен придонес за јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

