Македонија
Работна средба на ЕЦЦ во Македонија
Приоритет на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на Македонија е да се формира регулаторна средина што ќе овозможи
Приоритет на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на Македонија е да се формира регулаторна средина што ќе овозможи поголеми инвестиции и иновации во пазарот на електронски комуникации, а сето тоа во хармонизација со европското законодавство.
Ова во понеделникот го изјави директорот на АЕК Петар Иваноски на отворањето на 24-тата средба на Комитетот за електронски комуникации (ЕЦЦ).
Македонија од понеделник до четврток ќе биде домаќин на работната средба на претставници на повеќе регулаторни тела од делот на електронските комуникации ширум Европа.
ЕЦЦ е кооперативна организација формирана од страна на Европската конференција за администрација на поштата и комуникациите (ЦЕПТ).
Средбата за отворена ја прогласи претседателот на ЕЦЦ, Томас Еварс.
“Соработката на Република Македонија со оваа организација е од голема важност и се надеваме дека на овој работен состанок ќе ги исполниме нашите цели“, истакна Еварс, заблагодарувајќи им се на своите колеги од Македонија за гостопримството. /крај/вм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр
Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Ова се само дел од објавите на ФБ.
Македонија
23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи
Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија.
Масакрот се случи на денешен ден, 28 април 2001 година, во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Иако нападнати од заседа, војниците и полицајците давале получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија!
Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце. Фотографии објави генералот Стојанче Ангелов.
Македонија
Остануваат уште 9 дена изборна кампања: партиските агенди и денеска набиени
Уште 9 дена изборна кампања. И денеска лидерите на партиите, заедно со носителите на листи, како и кандидатите за претседател, ќе ги презентираат своите изборни програми.
Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, денеска ќе оствари средба со жителите на село Велебрдо и со жителите на општина Маврово.
Гордана Силјановска Давкова, исто така, ќе има средби со граѓани, додека коалицијата што ја поддржува предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори пред граѓаните во Могила, Ресен, Демир Хисар и Битола.
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе оствари средби со граѓаните на Крушево, Кичево, Струга и Охрид.
Во Штип на народен собир ќе се обрати претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, ќе се сретне со граѓаните на Струга и Дебар, а претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, дел од Коалицијата „Вреди“ во рамките на изборните активности ќе даде изјава за медиумите во 12 часот во близина на „Веро“ во Чаир.