Македонија
Конфискуван имот од околу 20 милиони евра
Државата одзема имот стекнат на нелегален начин во вредност од околу 20 милиони евра.
Државата одзема имот стекнат на нелегален начин во вредност од околу 20 милиони евра.
Одземени се повеќе станови, деловни објекти, хартии од вредност и акции во неколку банки низ државава. Оваа акција државата ја презема бидејќи осудените, иако по закон и правосилна пресуда, не го вратиле нелегално стекнатиот имот.
За ова информираше министерот за правда Михајло Маневски и појасни дека имотот е одземен од осуденици со правосилна пресуда.
Повеќето од нив се осудени за кривично дело перење на пари и злоупотреба на службена должност.
На списокот на осуденици на кои им е одземен имотот е Драган Даравелски и Кирил Доцевски, Миодраг Марковиќ , Живко Ефтимовски, Борко Марковиќ, Љимани Зуријет, сите сопственици на познати фирми.
Вила на водно, куќа во Охрид и друг деловен простор, акции во повеќе фирми низ Македонија во вредност од 9 милиони евра се одземени од Миодраг Марковиќ.
Имот е одземен и од учесниците во случајот „Бачило“ во кој беа осудени 21 лице ,како и осуденици од предметот „Славија“.
Од првоосудениот во случајот „Бачило“, нотарот Никола Стојменовиќ одземени се четири милиони евра.
Новина во законот за конфискација на имот е тоа што нема да се одзема само личен имот туку и имот кој е нелегално стекнат и подарен на трето лице, доколку се докаже дека лицето знаело дека станува збор за таков имот.
„Се лажат оние кои мислат дека ако го префрлат имотот на трети лица, ќе се спасат од тоа имотот да не им биде одземен.“, рече Маневски./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

