Македонија
Реакција на ЗНМ против заканите и апсењата на новинари
„Вчера полицијата го приведе колегата Емил Зафировски, додека го пиел своето утринско кафе, пред почетокот на новиот работен ден, тренирајќи го на начин на кој се постапува со најголемите криминалци,“ се вели во реакцијата на Здружението на новинарите во врска со апсењето на новинарот на Форум.
„Вчера полицијата го приведе колегата Емил Зафировски, додека го пиел своето утринско кафе, пред почетокот на новиот работен ден, тренирајќи го на начин на кој се постапува со најголемите криминалци,“ се вели во реакцијата на Здружението на новинарите во врска со апсењето на новинарот на Форум. Од ЗНМ велат дека кога се новинарите во прашање „нема лабаво“, односно дека тие мораат да се дисциплинираат и за нив важи правилото или пари или затвор.„Вака ли размислувате и се доживувате себеси почитувани судии? Дали сите или само некои од Вас? Доколку не сте сите истомисленици во срамот и деградацијата што и ја правите на сопствената професија, ова е последен момент да се охрабрите и да престанете со молкот. За сè што ви се случува. За притисоците што ги поднесувате, за партизацијата на судството, за непрофесионалците меѓу вас што ви ја рушат професијата, за полтроните што судат по наредба и врз основа на однапред изречени пресуди,“ се вели во реакцијата на ЗНМ.Тие најостро ја осудија како што велат и „дрскоста и самоволието на градоначалникот на Сопиште и упатените закани кон новинарот на А1 Александар Момировски, само заради професионалниот новинарски пристап на колегата Момировски и објавените информации за малверзациите на градоначалникот на Сопиште во неговото работење“.„Бараме од градоначалникот на Сопиште, Јован Ѓоргиоски итно да му се извини на колегата Момировски и доколку има докази за неговите аргументи да ги стави на увид на јавноста. Воедно, инсистираме раководството на ВМРО ДПМНЕ од чии редови е споменатиот градоначалник јавно да го осудат ваквото негово однесување и да им овозможат на институциите на системот да спроведат целосна и објективна истрага за неговото работење,“ повикуваат од ЗНМ.Здружението на новинарите на Македонија исто така и го поздравува чинот на солидарност од страна на дел од новинарите кон колегата Зафировски кои вложија сопствени средства за плаќање на глобата од 500 евра што за него значеа спас од издржување на затворска казна. „ЗНМ и покрај скромните средства со кои располага, ќе изнајде начин да партиципира во покривањето на трошоците по основа на оваа судска пресуда. Апелираме до сите новинари, овој случај да биде пример за пресвртница на односите меѓу нас, наместо кавги и поделби во иднина да споделуваме меѓусебна поддршка, почитување, заедништво и солидарност,“ се вели во соопштението. /крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

