Македонија
Груевски задоволен со динамиката на спроведување на судските реформи
Во поглед на енергетиката, Владата има планирано неколку проекти со што ќе бидат инвестирани преку 500 милиони евра од Владата и плус средства од концесионерите, рече премиерот Никола Груевски
„Она што е најважно е што во овој момент во парламентот имаме закон за академија за судии и јавни обвинители според кој се подигнуваат стандардите за идните судии и јавни обвинители. Што значи дека во иднина луѓе не само со повисок капацитет туку и со посилен интегритет што ќе исполнуваат многу услови ќе можат да бидат дел од таа академија а подоцна ќе станат и судии“ рече Груевски.За влез во академијата освен стручниот тест се предвидува и добро познавање на англискиот јазик, предност е ако се познава уште еден од светските јазици, а во прв ред ќе бидат кандидатите со повисок просек.Втор многу важен закон, како што рече Груевски, е законот за судовите кој што за две недели би требало да се најде во парламентот. Овој закон има повеќе аспекти од кој најбитен е унапредувањето на судиите.„Во иднина нема да може да се стане судија дирекно во Апелационен или Врховен туку најпрвин треба да се стане судија во Основниот суд со престој најмалку пет години, да се направат добри резултати според кои ќе може да се напредува. Условот за да се напредува ќе биде согласно колку предмети од оние кој се решени не се вратени назад, втор услов е квантитетот на предметите и сложеноста на предметите“ рече Груевски.Премиерот Груевски нагласи дека Судскиот совет ќе ги разрешува судиите ако повисоките судови им поништат поголем број предмети од предвидениот процент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

