Свет
Путин бара реизградба на воениот споменик
Рускиот премиер Владимир Путин денес дал предлог за реизградба на меморијалниот споменик од Втората светска војна, истиот што грузиските власти го срушија, но овој пат паметникот да ја краси Москва
При рушењето на меморијалниот споменик во саботата, во Кутаиси, загинаа осумгодишно девојче и нејзината мајка кога експлозивот употребен да ја урне силната структура, откачил поголеми бетонски парчиња што завршиле во населената област.
„Ова е уште еден обид да го избришат заедничкото советско минато од меморијата на поранешните советски нации, вклучително и ова херојско минато“, вели Путин.
„Токму затоа, јас верувам дека е возможно да го реизградиме паметникот во Москва, престолнината на некогашната обединета држава“, додал.
Скулпторот Мераб Берженишвили, авторот на воената скулптура-здание, нема приговори за реизградбата во Москва. Тој претходно изјави дека рушењето било навреда за споменот на илијадници грузиски војници кои ги дале своите животи во војната.
Опозициските активисти пак, излегоа на протести. Опозициска политичка фигура вели дека споменикот, треба да се реизгради и во Кутаиси.
„Ќе го направиме тоа штом дојдеме на власт“, вели Зураб Ногаидели, лидер на грузиското опозициско движење.
Властите на земјата пак, имаат свое објаснување. Тие потврдуваат дека споменикот е рушен за да се обезбеди простор за новата зграда на Парламентот.
Владата на Грузија вели дека релокацијата на грузискиот парламент од Тбилиси во Кутаиси ќе помогне во развојот на западна Грузија. Сепак, оваа одлука предизвика протест и негодување кај населението во Кутаиси и грузискиот опозиционен политички блок.
Генералното собрание на Обединетите нации го осудува рушењето на споменици за Втората светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.

