Свет
Штетите од поплавите во Австралија достигнаа „катастрофални “ размери
Рекордните поплави во Австралија предизвикаа катастрофални штети на инфраструктурата во државата Квинсленд и присилија 75 проценти од рудниците за јаглен во државата, кои се главниот двигател на челичарниците на потконтинентот, да престанат со работа, соопшти денеска премиерот на Квинсленд, Ана Блај, пренесува РојтерсНајлошите поплави во последниве неколку децении погодија област со големина на Германија и Франција, со што гратчињата се претворија во виртуелни острови во морето од кал, уништени посеви, прекинати главни железнички и патни мрежи кои водат до пристаништата за утовар на јагленот, уништен извоз и драстично покачени цени на јагленот на глобално ниво. „Седумдесет и пет проценти од нашите рудници за јаглен во моментов не се оперативни поради поплавите. Тоа има огромно влијание врз меѓународните пазари и меѓународното производство на челик“, изјави Блај за локалните медиуми и додаде дека Квинсленд е огромна држава која се потпира на својот транспортен систем, кој од поплавите на места е доведен во катастрофална состојба. Оваа држава е најголем производител во светот на јаглен кој се користи во челичната индустрија . Поплавите во Австралија, кои отсекоа 22 града и засегнаа преку 200.000 луѓе, произлегоа од метеоролошкиот феномен „Ла Ниња“, кои предизвикува монсунски дождови во западниот дел на Пацификот и во југоисточна Азија. Според австралиското метеоролошко биро, се очекува „Ла Ниња“, која годинава ги предизвика третите по големина поплави во Австралија откако се вршат мерења, да трае уште три месеци. Жителите на поплавените градови се обидуваат со бариери од вреќи со песок да ги сопрат растечките води, кои досега ја ослабеа австралиската економија за цели 0,4 проценти. Во Рокхамптон, сточарски град со 75.000 жители, покачување на водата од само 20 сантиметри ќе доведе до целосно поплавување на уште 400 домови, а ќе загрози додатни 4.000 имоти. Досега во поплавите загинаа тројца луѓе. Властите ги предупредуваат локалните жители да се држат подалеку од надојдените води не само поради ризикот од давење, туку и поради тоа што водите ги носат крокодилите и змиите право во нивните домови. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

