Свет
Ходорковски и Лебедев прогласени за виновни

Поранешниот руски милијардер Михаил Ходорковски и неговиот деловен соработник Платон Лебедев денеска се прогласени за виновни за кражба на 218 милиони тони нафта од компанијата „ЈУКОС“, на судењето кое предизвика големо внимание во меѓународната јавност поради сомнеж дека станува збор за политички монтиран процес пренесуваат агенциите.Московскиот суд се уште не ја изрекол казната на која Ходорковски и Лебедев ќе бидат осудени.Ходорковски, поранешен сопственик на нафтената компанија „ЈУКОС“ и Лебедев претседател на управата на Менатепа беа уапсени во 2003 година под сомнение за измама и затајување данок и осудени на осум години. Една година пред излегување од затворот, дополнително се обвинети и за кражба на 218 милијарди тони нафта од „ЈУКОС“ и за перење на повеќе од три милијарди рубљи (97,5 милиони американски долари).Ходоровски, еден од најголемите непријатели на премиерот Владимир Путин и на кремљските власти, според првата пресуда треба да излезе на слобода во октомври 2011 година, шест месеци пред претседателските избори во Русија./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес изјави дека Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија без оглед на, како што изјави, заканите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Коментирајќи го говорот на Зеленски на состанокот на амбасадорите претходниот ден, Сијарто на прес-конференцијата рече дека украинскиот претседател одржува „непријателски став кон Унгарија, и унгарската нација“, пренесува МТИ.
„Јасно е дека тој се однесува кон Унгарија и Унгарците како кон непријатели“, рече Сијарто.
Регион
(Видео) Голем пожар во Грција: наредена итна евакуација

Поради големиот шумски пожар што избувна денес во Грција, властите на таа земја наредија евакуација на неколку села западно од Атина, објави противпожарната служба, пренесуваат медиумите во регионот.
Повеќе од 180 пожарникари, 15 авиони и 12 хеликоптери се вклучени во гаснењето на шумскиот пожар што ја зафати боровата шума во планините во близина на Коринт, пренесува АП.
Massive fire in Corinthia Greece . Villages evacuted.
Seen firefighters battle major blaze today.
115 firefighters including three commandos unit, with 25 aircraft assisting . pic.twitter.com/5X4DECwXUp— Samiran Datta (@SamiranDatta5) July 22, 2025
Временските услови се особено тешки за пожарникарите, со оглед на тоа што Грција беше погодена од топлотен бран што донесе температури до 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.
Порано денес, противпожарен хеликоптер се урна во морето и потона додека се обидуваше да се наполни со вода за да се справи со друг пожар во близина на Атина.
Тројца членови на екипажот на хеликоптерот беа спасени и однесени во болница, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Почина Ози Озборн: легендата на хеви металот и фронтмен на групата Блек Сабат

Британската хеви метал легенда Ози Озборн, фронтмен на бендот Блек Сабат, почина на 76-годишна возраст, соопшти денес неговото семејство.
„Со неопислива тага мораме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше опкружен со семејство и љубов“, напишаа неговата сопруга Шерон и децата, објавија медиумите.
Пејачот, кој го доби прекарот „Принц на темнината“, страдаше од Паркинсонова болест неколку години.
Озборн, чие вистинско име беше Џон Мајкл Осборн, беше вокалист на хеви метал бендот „Блек Сабат“ по заминувањето на големиот Рони Џејмс Дио, тогаш популарен соло музичар.
Од 2002 година, тој е ѕвезда на реалното шоу „Озборнови“, кое прикажува секојдневни сцени од животот на неговото семејство.
Фото: принтскрин