Контакт

Свет

Чеченците брзаат да изберат нов лидер

Објавено пред

Радикалниот бунтовнички главен командант Шамил Басаев ги повика Чеченците по убиството на Аслан Масхадов за нов лидер да го признаат Шеикот Абдул – Калим Садулајев командант и поранешен шеф на чеченскиот исламски суд.

dobivaj vesti na viber

Радикалниот бунтовнички главен командант Шамил Басаев ги повика Чеченците по убиството на Аслан Масхадов за нов лидер да го признаат Шеикот Абдул – Калим Садулајев командант и поранешен шеф на чеченскиот исламски суд. Басаев потврди дека според договорот од 2002 меѓу Масхадов и чеченските лидери шеикот Абдул – Калим, треба да го наследи, Масхадов, објавува интернет страница Кавказ-центар. Синот на Масхадов, Анзор за западните агенции рече дека назначувањето на Абдул-Калим формално денеска ќе го објави, портпаролот на Масхадов, Умбар Камбијев. Руска “Газета“, повикувајќи се на извори од руските специјални сили, пишува дека Абдул-Калим Садулајев бил главен во бунтовничкиот т.н. Шеријатски комитет, оти е Саудиец и еден од петмината кои во 2001 година ги зазеле водечките места во бунтовничкото движење, поради нивната способност да донесат пари од странство во Чеченија. Но Анзор Масхадов го демантира ова тврдејќи дека тој е Чеченец. Руските медиуми тврдат дека Абдул-Калим Садулајев е еден од организаторите на нападот на полициските позиции во Ингушија во 2004 кога загинаа 90 лица. Назначувањето на Абдул-Калим Садулајев за кој се претпоставува дека е поврзан со Осама бин Ладен, би преставувало сериозна промена на ситуацијата во Чеченија, бидејќи Масхадов беше сметан за секуларист, меѓу зголемениот број на радикални исламски лидери во чеченското бунтовничко движење./крај/ап/ил



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Демонстранти упаднаа во парламентот во Непал, премиерот поднесе оставка, расте бројот на жртви

Објавено пред

Стотици демонстранти упаднаа во зградата на непалскиот парламент во Катманду, а чад сè издигна од едното крило на зградата.

dobivaj vesti na viber

Мотоцикли кружеа попладнево околу парламентарниот комплекс, а некои од нив носеа искорнати растенија од градината/

Демонстрантите танцуваа и скандираа слогани околу огнот на влезот во зградата, многумина од нив држејќи непалски знамиња.

Дел од демонстрантите влегоа во самата зграда, каде што сите прозорци беа скршени. На надворешните ѕидови покриени со графити беа напишани антивладини пораки.

Една од пораките гласи: „Влеговте во погрешна борба“, објавува Би-Би-Си.

Кризата кулминираше со оставката на непалскиот премиер Шарма Оли, кој поднесе оставка како одговор на протестите што се проширија низ целата земја.

Во своето обраќање, тој изјави дека го сторил ова за да „го отвори патот за уставно решение на кризата“. Во бранот насилство, беа нападнати и вандализирани резиденциите на неколку истакнати политичари, вклучувајќи ја и онаа на самиот Оли и поранешниот премиер Шер Бахадур Деуба, а цел беа и седиштата на политичките партии.

За време на денешните протести во Непал, беше убиено уште едно лице, со што вкупниот број на жртви се искачи на 22. Меѓу нив, 19 лица беа убиени синоќа.

Директорот на Државната болница изјави за Би-Би-Си дека 209 лица биле примени. Раководителот на Националниот центар за траума, д-р Бадри Риџал, рече дека речиси 40 повредени лица биле донесени во таа болница.

Прикажи повеќе...

Свет

Францускиот амбасадор во Израел: Признавањето на Палестина е од суштинско значење за разоружување на Хамас

Објавено пред

Францускиот амбасадор во Израел, Фредерик Журн, изјави дека кампањата на Франција за признавање и собирање поддршка за признавање на палестинска држава е од суштинско значење за поддршката на арапските земји во разоружувањето на палестинската милитантна група Хамас.

dobivaj vesti na viber

„Нашето признавање на Палестина беше клучен лост што го искористивме заедно со Саудиска Арабија за да ги ангажираме муслиманските и арапските држави да прифатат идна нормализација на односите со Израел. Ова ги наведе земјите како Катар да кажат дека иднината на Газа мора да биде без Хамас“, изјави Журн за израелските новинари, како што објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека иако одлуката на Франција да ја признае палестинската државност во Израел често се прикажува како награда за „теророт и заканата за израелската безбедност“ од палестинското милитантно движење Хамас, тоа „не е тоа“. Тој истакна дека процесот поддржан од Франција преку признавањето на палестинската државност „содржи предлог потпишан дури и од Арапската лига за иднината на нормализирање на односите со Израел заедно со палестинска држава“.

Фредерик Журн се осврна на декларацијата потпишана на конференцијата на Обединетите нации во јули од страна на арапските и муслиманските земји – вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Катар, Египет, Јордан и Турција, во која тие за прв пат го осудија нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, заедно со барањето за ослободување на сите заложници и разоружување на Хамас. Тој повтори дека декларацијата ги повикува Палестинските власти не само да соработуваат со Израел, туку и да се обврзат да бидат демилитаризирана држава.

„Безбедноста на Израел е исклучително важна за нас. Мирот е тежок. Единственото нешто што е потешко е војната“, заклучи амбасадорот.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Полска ја затвора границата со Белорусија поради воени вежби

Објавено пред

Полска ќе ја затвори границата со Белорусија на полноќ по локално време во четврток поради воените вежби „Запад“ што се одржуваат во Белорусија, изјави полскиот премиер Доналд Туск, а Литванија исто така најави зајакнување на безбедносните мерки на границата со Белорусија и Русија.

dobivaj vesti na viber

Воените вежби „Запад-2025“, што ќе се одржат во Западна Русија и Белорусија, предизвикаа загриженост кај соседните земји, членки на НАТО – Полска, Литванија и Латвија.

„Во петок во Белорусија, многу блиску до полската граница, започнуваат руско-белоруски маневри, многу агресивни од перспектива на воената доктрина“, рече Туск на владиниот состанок. „Според тоа, заради националната безбедност, ќе ја затвориме границата со Белорусија, вклучувајќи ги и железничките и патните премини, во врска со маневрите „Запад“ на полноќ во четврток.“

Вежбите „Запад“ ќе вклучуваат вежби за можна употреба на нуклеарно оружје и руската хиперсонична ракета „Орешник“ со среден дострел, изјави белорускиот министер за одбрана.

Во исто време, НАТО ќе одржи вежби на својата страна од границата. Литванија, исто така, објави дека ќе ги зголеми мерките за заштита на своите граници со Белорусија и Русија поради воените вежби „Запад“, објави литванската гранична стража во вторник.

Белоруската и руската амбасада во Варшава не одговорија на барањата за коментар. Белоруските медиуми во четвртокот објавија дека полски државјанин е уапсен во Белорусија под сомнение за шпионажа поради поседување документи поврзани со тие воени вежби.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија5 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија5 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија6 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ8 часа

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ8 часа

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија8 часа

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ9 часа

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија9 часа

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија10 часа

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион12 часа

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет12 часа

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет12 часа

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...

Европа12 часа

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека подготвува напад врз Русија

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на...

Свет19 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет20 часа

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа23 часа

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија24 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет1 ден

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...