Економија
Жарко Луковски нов директор на Т-Мобиле Македонија

Актуелниот Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком, Жарко Луковски е назначен за нов Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Актуелниот Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком, Жарко Луковски е назначен за нов Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Ваква одлука беше донесена на денешниот состанок на Одборите на директори на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија
Луковски на новата функција ќе стапи на 1 април, кога ќе ја напушти позицијата Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје.
На денешната прес конференција Луковски изјави дека новиот менаџерски тим ќе се фокусира на настап на Т-Хоум и Т-Мобиле под заедничко мото Т, и покрај тоа што двете компании продолжуват да функционираат одделно .
„Важно е да понудиме производи и продукти кој што ќе имаат најдобра вредност, за она што го платиле купувачите“, рече Луковски.
Запрашан дали може да се очекува намалување на цените Луковски рече „Ние не сме фирма што е најевтина. Ние сме секогаш најскапи, но нашата основна цел е да докажеме дека за парите се добива максимумот“.
Досегашниот Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија, г-дин Мајкл Лоренс, успешно ја извршуваше својата менаџерска функција во компанијата од 2004 година.
Новиот Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје се очекува да биде избран на 30 април, за кога е закажано Собранието на акционери.
На денешната седница на одборот на директори била донесена одлука и за други промени во раководниот тим на Т-Мобиле.
Клаус Милер, кој во исто време ја извршува функцијата Раководен директор за клучни прашања во Македонски Телеком АД – Скопје, е именуван за нов Главен оперативен директор на Т-Мобиле Македонија. Бранка Павошевиќ е именувана за Главен директор за човечки ресурси, Славко Пројкоски за Главен директор за финансии, Матијас Ханел за Главен директор за маркетинг Мирослав Јовановиќ за Главен директор за ИТ. Габор Алтман беше именуван за Главен директор за продажба на Македонски Телеком АД – Скопје и Т-Мобиле Македонија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 % во однос на одлуката од 6.10.2025 година.
Од 14.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,661 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,001 ден/кг и сега изнесува 36,661 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,358% и кај дизелот за 2,566%, кај екстра лесното масло за 2,450% и кај мазутот намалувањето е за 0,645%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110%.
Економија
Халкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит

Халкбанк АД Скопје им овозможува на своите клиенти нова можност да ги реализираат своите желби и планови под поволни услови, преку промотивната понуда за Промо потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата.
Новиот производ на Халкбанк е со максимален износ до 2 500 000 денари, со можност за отплата до 120 месеци, и камата што останува непроменета во текот на целиот период на отплата. За кредити со рок до 95 месеци, каматната стапка изнесува 5% фиксна, а за кредити со рок до 120 месеци – 5,7% фиксна, со вклучено осигурување (CPI или Живот + Незгода).
Кредитната способност за вработени лица изнесува до 50% од месечните примања, додека пензионерите можат да користат кредит до 600 000 денари, по фиксна камата од 5%, со рок на отплата до 120 месеци, и кредитна способност до 40% од износот на пензијата.
Покрај поволните услови, Промо потрошувачкиот кредит овозможува висок степен на заштита и сигурност, благодарение на вклучените осигурителни полиси за случај на несреќа, боледување или невработеност, издадени од Халк Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување – Живот АД Скопје.
Со вкупна стапка на трошок (СВТ) од 5,78% за кредити со рок на отплата до 95 месеци и 6,53% за кредити до 120 месеци, оваа промотивна понуда претставува една од најповолните и најсигурни можности на пазарот за реализација на лични цели и финансиски планови.
Промоцијата е со важност до 30 ноември 2025 година.
(ПР)
Економија
МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.
Мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од ИПАРД Програмата овозможува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и усогласување со европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина.
Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).
Министерството ги повикува сите заинтересирани да започнат со навремена подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.