Македонија
Средба Груевски – Соренсен
Една седмица откако дојде во Скопје и од Фуере ја превзема должноста евроамбасадор, Питер Соренсен, попладнево оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски.
Една седмица откако дојде во Скопје и од Фуере ја превзема должноста евроамбасадор, Питер Соренсен, попладнево оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски.
Во соопштението до медиумите се наведува дека премиерот Груевски истакнал дека членството на Република Македонија во Европската Унија претставува највисок стратешки приоритет за Владата на Република Македонија, при што го информирал својот соговорник за сите реформски активности кои што се превземаат во таа насока.
„Двајцата соговорници заклучија дека досегашно професионално искуство на амбасадорот Соренсен во регионот и претстојниот ангажман во Република Македонија ќе бидат од исклучителна важност во насока на поддршка на спроведувањето на европска агенда на Владата и поскоро исполнување на целта за отпочнување преговори за полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија“, информираат од Владата.Премиерот му честитал на амбасадорот Соренсен за стапувањето на должноста шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија и му посакал многу успех во извршувањето на новата должност./крај/со/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

