Македонија
Тобако / Известување

Ве известуваме дека денес во Тетово ќе се отвори дванаесеттиот по ред Together продажен салон кој на купувачите им нуди 24 часовна квалитетна
Почитувани,
Ве известуваме дека денес во Тетово ќе се отвори дванаесеттиот по ред Together продажен салон кој на купувачите им нуди 24 часовна квалитетна услуга седум дена во неделата.
Салонот ќе Ве привлече со својот урбан изглед и уникатниот концепт кој за прв пат Ви нуди можност 24 часа седум дена во неделата на едно место да ги најдете производите од богатата понуда на ТOBACCO, како и сите актуелни понуди на Т- Mobile и Т- Home за приватни и деловни корисници.
Досега се отворени продажни салони во: Скопје- 3 салони, Охрид, Битола, Струмица, Штип, Прилеп, Куманово, Кичево и Неготино, а до крајот на aприл ќе се отвори продажен салон во Гостивар.
До крајот на оваа година ќе бидат отворени продажни салони во сите градови миз Македонија.
До крајот на 2010 година ќе бидат отворени вкупно 40 ( четириесет) Together продажни салони.
Together салоните , насекаде и во секое време, на купувачите им нудат 24 часовна квалитетна услуга и единствена можност да го направат вистинскиот избор !
Во салоните покрај останатите услуги купувачите можат да ги користат и услугите на e-voucher и во секое време да ја надополнат својата припејд сметка на Т-Mobile или да купат електронски ваучери за меѓународни разговори и фиксна телефонија на Т-Home.
Сите салони се лоцирани на најатрактивни локации во централните градски подрачја.
Од нејзиното формирање во 1990 година, па сè до денес, компанијата TOBACCO внимателно го градеше својот бренд и успешно се позиционираше на македонскиот пазар во доменот на продажбата и услугите.
Од изминатата година TOBACCO, заедно со своите долгогодишни партнери Т-Mobile и Т-Home, започна со отворање на ланец на продажни салони под брендот Together и со тоа креираше концепт кој е единствен во светски рамки.
Чепиљугин Ана
контакт броj : 072/ 222-432
Ana Chepiljugin
PR and Marketing Assistant
Marketing Communication and PR
GSM: + 389 72 222-432
Tel/Fax: + 389 2 3298 200
www.tobacco.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да запчне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи.
Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот, стои во соопштението на в.д. градоначалникот Крстевски.
Претходно, родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во пресрет на Петровден писмено се обратија до него со барање да се одложи музичко-забавниот дел од програмата.
Македонија
Гужви на Богородица за влез во Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце за влез во државата и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15-20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Македонија
Денес сонце и температури до 36 степени

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.