Македонија
Граѓаните треба да поднесат Годишна даночна пријава до 15 март
Само 944 граѓани поднеле годишна даночна пријава за 2009 година, а се очекува над 150 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска до 15 март 2010 година.
Само 944 граѓани поднеле годишна даночна пријава за 2009 година, а се очекува над 150 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска до 15 март 2010 година.
Граѓаните кои во текот на годината остваруваат приход од плата, пензија, земјоделска дејност или самостојна дејност, не се должни да поднесуваат годишна даночна пријава.
Обврска да поднесе годишна даночна пријава има граѓанинот кој во текот на минатата година остварил приходи по основи кои подлежат на оданочување со персонален данок на доход, приходи од кирија, од дивиденди, камати, капитална добивка од продажба на хартии од вредност.
Исто така оваа обврска важи и за граѓаните кои имаат лични примања од странство и од дипломатски претставништва на странски земји.
Работодавачот има обврска на работниците да им достави пресметка за исплатените приходи, до 15 февруари 2010 година.
Пријавата се поднесува до даночните канцеларии на УЈП, според местото на живеење на граѓанинот, од 08.30 до 16.30 часот или преку пошта.
На граѓаните кои ќе задоцнат или воопшто нема да поднесат годишна даночна пријава ќе им се изрече глоба од 500 до 1.000 евра. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

