Свет
Истрага за злоставување во црквата најавено и во Данска
Католичката црква во Данска соопшти денеска дека ќе ги истражува обвинувањата за сексуална злоупотреба во оваа бискупија кои се случиле во последните сто години.
Католичката црква во Данска соопшти денеска дека ќе ги истражува обвинувањата за сексуална злоупотреба во оваа бискупија кои се случиле во последните сто години.Во соопштението за јавноста, бискупијата наведува дека данскиот бискуп Чеслав Козон, на 27 март по враќањето од Рим и состанокот со Папата, „ќе собере група на компетентни луѓе со задача темелно да ги испитаат овие обвинувања“.Бискупот, во почетокот на овој месец ја отфрли можноста за истрага, со образложение дека обвинувањата се „застарени“, но поради притисокот од јавноста ја промени својата одлука. Во соопштението не се наведува колку случаеви се во прашање ниту за кој период станува збор.Од 5,5 милиони граѓани на Данска, околу 80 проценти се припадници на Протестантската народна црква, додека католици има значително помалку, околу 35.000. /крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

