Свет
PayPal престана да прифаќа донации за Wikileaks
Системот за плаќање PayPal, сопственост на најголемата аукциска мрежа eBay, престана да ја опслужува сметката преку којашто беа уплаќани донации за интернет страницата Wikileaks, објави блогот на платната итнернет мрежа
Образложувајќи ја оваа одлука, PayPal се повикува на одредени сопствени услови за услугата коишто забрануваат употребата на системот за плаќање за секоја активност која е на некој начин поврзана со нелегални активности. Компанијата веќе го известила сопственикот на сметката за нејзината одлука, се додава во соопштението на PayPal. Нејзините претставници велат дека се решиле на овој чекор откако владата на САД обајви дека активностите на Wikileaks се спротивни на законите, пишува Bloomberg.Користењето на PayPal досега беше најлесниот начин да се донираат пари за потребите на Wikileaks, зашто преку него можат да се извршат банкарски трансфери, со користење на кредитна картичка или со праќање на пари по пошта.Претходно оваа седмицаа, уште една американска компанија, Amazon, одби да му обезбеди хостирање на Wikileaks. Фамозната итнеренет страница којашто од април годианва почна со објавувањето на тајните американски документи за војните во Ирак и во Авганистан а од минатат недела почна со објавување на 250 илјади тајни депшеши на американските дипломати и разузнавачи во кои меѓу другото се даваат навредливи оцени за многу светски лидери, а исто така најави и објавување тајни документи за американските банки и за големите компании, се обиде да се пресели од серверите во Шведска, каде што тој е базиран, кои беа подложени на масивни хакерски напади. Меѓутоа, ако изнаоѓањето нов хостинг само привремено предизвикува непријатности, намалување на протокот на донации може да влијае посеризоно врз активностите на Wikileaks, пишува Wired.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина
Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.
Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.
Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.
Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.
Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.
Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.
Свет
Трамп казнет со 9.000 долари
Помалку од седум месеци пред претседателските избори во ноември, на републиканскиот кандидат Доналд Трамп му се суди затоа што се обидел да го купи молкот на поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс неколку дена по изборите во 2016 година на кои ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Судијата Хуан Мерчан рече дека Трамп е казнет со 9.000 долари поради кршење на забраната за коментирање на сведоци. Обвинителите го обвинија поранешниот претседател дека повеќе пати ја прекршил забраната за коментирање и побараа од судијата да го казни со 1.000 долари по прекршок, пишува Гардијан.
Според забраната, Трамп не смее да дава, или да наложува други да даваат јавни изјави за сведоците на судењето, обвинителите и членовите на судскиот персонал. Пред судењето, судијата Мерчан ја прошири оваа забрана за коментирање на членовите на семејството откако Трамп напиша објава за ќерката на Мерчан.
Трамп мора да отстрани седум навредливи објави од социјалната мрежа „Truth Social“ и две објави од неговата веб-страница на кампањата до 14:15 часот. „Го предупредуваме обвинетиот дека судот нема да толерира натамошно кршење на правните наредби и дека доколку е потребно и соодветно со оглед на околностите ќе биде осуден на затворска казна“, се вели во судската пресуда.
Европа
Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.
„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.
За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.
„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.
Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.
Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.