Македонија
„Крстена“ ракија
Педесет и едногодишен кумановец заработи кривична пријава откако кај него се пронајдени 512 литри диво произведена ракија и 15 литри разни екстракти кои ги употребувал за неговото „производството“
Кумановската полиција дошла до сега приведениот маж со иницијали А.Т. откако минатата седмица открила 80 литри ракија со примеси на метил алкохол.
Истрагата покажала дека кумановецот подолго време без да има акцизна дозвола за производство на алкохолни пијалаци во импровизиран погон во населбата „Иго Тричковиќ“ произведува ракија со користење разни хемиски додатоци.
При претресот на домот и „погонот“ на кумановецот била најдена ракијата во разни буриња, туби и шишиња, како и јонизатор за вода. Ракијата и апстрактите се испратени на анализа за утврдување на нивниот состав и присуство на штетни материи, информираат од МВР.
Инаку, против истиот и во 2005 г. била поднесена кривична пријава за истите кривични дела, при што му биле одземени околу три илјади литри разновидна направена ракија. /крај/со/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека поради дефект на водоводна цевка во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.
Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.
Македонија
Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци
,,За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.
Директорот на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин Машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци и значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018г започна со машинско метење на градските улици.
(ПР текст)
Македонија
За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, најмногу македонски државјани
Македонските државјани почнаа да се враќаат дома за да ги поминат празниците со блиските.
На граничниот премин Табановце за неполн ден влегле над 26.500 граѓани, од нив најмногу македонски државјани, информираа денеска од МВР.
– На ГП Табановце во периодот од полноќ сабота до осум часот, недела влегле 26.623 лица од кои 19.520 македонски државјани, соопшти МВР.
Граѓаните кои денеска се враќаа во земјава велат дека се задржуваат помеѓу 20 и 30 минути за влез.