Свет
Иран има докази дека Бин Ладен е мртов подолго време
Иранските и руските медиуми ја објавија изјавата на ирански министер кој тврди дека убиениот лидер на терористичката Ал Каида, Осама Бин Ладен, бил починат многу пред акцијата на американските командоси.
Иранските и руските медиуми ја објавија изјавата на ирански министер кој тврди дека убиениот лидер на терористичката Ал Каида, Осама Бин Ладен, бил починат многу пред акцијата на американските командоси. Иранскиот разузнавачки министер, Хеидар Молесхи, изјавил дека Техеран има докази за тоа дека Осама Бин Ладен починал од болест многу пред акцијата на САД, во која тој наводно е убиен, пренесува агенцијата ФАРС. Американскиот претседател, Барак Обама, на 2 мај објави дека најбараниот светски терорист е убиен во пакистанскиот град Аботабад, и дека него го убиле американски командоси во брза и тајна воена операција.„Ние имаме прецизни информации за тоа дека Бин Ладен починал од болест пред многу време“, рекол Молесхи. Доколку американската разузнавачка служба и војската навистина го убиле Бин Ладен, зошто него покажат неговото тело и зошто го фрлиле в море?“, прашува Молесхи. Телото на Осама Бин Ладен е погребано во море, за помалку од 24 часа од убиството, а ДНК тестот потврдил дека се работи за лидерот на Ал Каида. Сепак, Белата куќа нема да објави фотографии, бидејќи, како што вели гласноговорникот, Џеј Карни, не сакаат да поттикнат насилство и непотребна пропаганда. крај/dnevnik.hr/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Крим ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам
Претседателот на Кримската меѓуетничка мисија Заур Смирнов изјави дека мисијата ја повикала Русија да отвори кривична постапка против украинскиот претседател Володимир Зеленски за тероризам на руски територии.
„Зеленски води и насочува терористички активности против Крим и други руски области кои резултираа со човечки жртви. Оваа активност треба да биде предмет на кривично гонење и истрага. Верувам дека руските истражни органи треба да отворат кривична постапка против Зеленски“, рече Смирнов.
Кримската меѓуетничка мисија се состои од неколку јавни организации, а е основана со цел да се постигне „меѓуетничка хармонија“ на Крим, пренесува ТАСС.
Свет
(Видео) Невидени поплави во Бразил: „Ова е катастрофа, ќе се влошува“
Десет лица загинаа, а 21 се водат за исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа бројни поплави и лизгање на земјиштето оваа недела во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, а локалните власти предупредуваат дека ситуацијата е критична и може да се влоши.
На прес-конференцијата во средата, гувернерот на државата Едуардо Леите рече дека разговарал со претседателот Луис Инасио Лула да Силва барајќи секаква можна федерална помош.
Quem está no Rio Grande do Sul, se proteja. Fiquem em locar seguro. Tomo todos os cuidados possíveis. Por pouco não aconteceu uma tragédia, neste caso. pic.twitter.com/cy2TEwSf2m
— Tumulto BR (@TumultoBR) May 1, 2024
„Поминуваме низ најлошиот момент во Рио Гранде до Сул, најголемата катастрофа во нашата историја. Она што се случува во Рио Гранде до Сул во моментов е апсолутно, незамисливо, крајно сериозно. И за жал, само ќе се влоши“, рече Леите.
O dilúvio no Rio grande do Sul não está poupando nem os porcos! pic.twitter.com/QBsHYpr2GC
— Ney (@neydux17) May 1, 2024
Според гувернерот, невремето предизвикало најголемо уништување во државата во последните години, оставајќи неколку градови изолирани по уривањето на мостовите и уништените патишта.
Maior enchente já registrada na minha cidade no Rio Grande do Sul tive que socorrer os bichinhos da minha cunhada pic.twitter.com/oKefGh7aJA
— henrique Rhoden (@henriqueRhoden3) May 1, 2024
Властите избројаа повеќе од 3.400 раселени лица откако бурите предизвикаа покачување на нивото на реките и поплави во различни делови на земјата, погодувајќи 114 општини.
Во извештајот во вторникот, државната влада предвиде ризик од поплави „практично низ целата држава“ со оглед на изгледите за продолжување на „обилните врнежи“ во наредните денови.
Que coisa triste, meu Deus do céu
Eu espero que todo mundo que esteja fazendo piada com a situação do Rio Grande do Sul veja esse vídeo e repense pic.twitter.com/5E4DGleHSO
— O Bon Vivant MuitoHumilde (@muitohumildee) May 2, 2024
Во извештајот се наведува и дека поплавите ќе бидат сериозни во сливовите на многу реки, а можни се поројни поплави и масовни лизгања на земјиштето во регионите со стрмни падини.
Свет
Хамас веројатно ќе го отфрли последниот предлог за договор за заложници, пишува „Тајмс оф Израел“
Хамас најверојатно ќе го отфрли последниот предлог за договор за заложници, подготвен од посредниците, кој доби зелено светло од Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.
Осама Хамдан, функционер на Хамас со седиште во Либан, за телевизијата Ал-Манар, поврзана со Хезболах, изјави дека позицијата на Хамас за сегашниот предлог за преговори е негативна.
Од прес-службата на Хамас подоцна појаснија дека негативната позиција не значи дека преговорите се прекинати.